Пред скоро две години на овој форум го објавив првиот автомобил што го бев купил, а тоа беше Chevrolet Aveo 2006 1.2 плин/бензин (катастрофално запоставен автомобил од страна на претходниот газда) на кој што фрлив премногу пари, па на крај одлучив да ја продадам, за да си ги скратам маките.
После тоа направив уште една катастрофална грешка, а тоа беше што во момент на паника - исто така избрзав (бидејќи навистина имав потреба од автомобил во одреден период) и купив Renault Megane 2003 1.5 DCI со Delphi дизни (long story-short откажаа дизните за брзо време, бидејќи Delphi e СТРАШНО осетлив систем за разлика од BOSCH, откажа турбината, навлезе моторно масло во ауспухот и ми се запали целиот долен дел на колата додека ја возев.
Од реното нема да прикачувам фотографии, поради очигледни причини

Но, овде сум сега пак за да ви се пофалам за третиот избор (се надевам дека не направив уште една катастрофална грешка). Купена е од плац во Струмица - AUTO STO SWISS.
Најискрено, мерак ми прави овој автомобил. Toyota Yaris SCP90 со 1.3 литарски мотор на ланец
2SZ-FE гусен блок (специјално истражував за да го најдам возилово со овој мотор и оваа година на производство, а не со
2NZ-FE алуминиумски блок или пак поновите 2010-па натаму варијанти со
1.33 Dual VVT-i 1NR-FE кои после изминати 100,000 и кусур километри, почнувале да голтаат масло поради потенки и покревки карики.)
Ниво на опременост: SOL(Не знам што точно следува со ова ниво на опременост, ама знам дека е SOL - и дека е висок трим??)
- Серво волан
- ABS
- ESP ??
- Радио
- Команди на волан
- Предни електрични прозорци
- Електрични ретровизори
- НАЈ-кул е што доаѓа со
Optitron Digital Instrument Cluster шалт табла со 3D ефект.
Сменето:- Има клима уред, кој што морав да го сервисирам, бидејќи патувајќи на автопатот од Валандово до Градско (A1), си го оштетив радиаторот, па морав да го менувам. (околу 13000 ден. заедно со работна рака

)
- Бандажите се 15ки, ги купив нови заедно со
зимски гуми Goodrich. Колата се разубави со нив. (40000 ден. вкупно

)
- NGK свеќици.
- До сега два пати сменето моторно масло, првиот пат ставив
Eurol Super Lite 5W-40 (мислам дека направив грешка овде, по препорака на автомеханичар). Вториот пат ставив
Shell Helix Ultra 5W-30, но размислувам да го сменам па следниот пат да ставам
Castrol Magnatec 5W-30, поради подмачкување на ланецот. Стриктно
ACEA A3/B4.- Сменети филтри секаде.
- Сменето масло за менувач
75W-90 API GL-4.- Направено хемиско чистење.
- Ставени
Gledring гумени патосници.
- За сега останува само полирање на фаровите (и целосно полирање кога ќе дојдам при повеќе пари

)
Нешто во последно време ми се појавува ABS сијаличката на шалт таблата, па ја однесов кај автомеханичар - кој ми рече дека ABS пумпата полека полека ми откажува. Дознав дека нови пумпи се екстремно скапи, а и ги нема. Ќе морам да барам половна.
Иако и оваа кола не е без проблеми, си има свои маани - сепак се заљубив во неа. Крстена е Буба Мара.

Оваа ќе си ја чувам максимално, ќе вложам колку и да треба и ќе се погрижам да истрае години и години. Мојот
"magnum opus" е веќе.
Во прилог имате фотографии со новите бандажи, а ќе вметнам и една со старите за да се види разликата.

