Одјави го, продади го. Па новиот газда нека извади пробни таблици, нека тера каде што ќе тера и нека си го регистрира на негово име. Тоа ми е многу пологично и побезбедно, особено сега со камериве и казниве. Оди докажувај се дека си го продал, ама новиот газда не го префрлил на негово име.
Лесно е да кажеш - Одјави го, продади го.
А што ако ти е единствено возило и треба да го возиш до сама продажба?
Или не мора да е единствено, ама го користиш секојдневно.
А што ако не го продадеш? Што ако купувачот се откаже, ќе го тепаш?
Ќе чекаш друг купувач, а колата одјавена? И да најдеш - ќе сака да го провери во X сервис или да го провози. Ќе го возите нерегистрирано или како?
Не е баш така како што се обидувате да преставите дека е најлесно.
Далеку е од најлесно.
По сите правила и закони во државава е сосема ОК да продадеш возило, па после сите процедури.
За Сејф Сити си имаш купопродажен договор од нотар, стварно не ве разбирам што е проблемот.
Исто како и што беше досега ако направи глупост новиот газда, а сеуште е со старите таблици и сообраќајна.
Моментот кога потпишуваш на нотар - возилото повеќе не е твое.
Во какви и да криминални дејствија, кривични или прекршочни да учествува тоа возило - ти не си крив.