Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 98590 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1620 на: 30 Април 2026, 14:45:40 pm »
Ова со личните податоци што го вергла Андреј - го разбирам, ама и не го разбирам.
Има толку начини за експлоатација на истите бидејќи ни ги имаат веќе насекаде по институции, компании и секакви фирми.

На сите други места податоците ти се оставени по твоја волја. Не мораш да имаш корисничка сметка на ЕВН/Водовод/Телеком кај што оставаш мејл, може да ти стигаат сметки по пошта на адреса. Парите кога ќе ти легнат на трансакциска од плата, можеш целосно да ги извадиш во кеш и така никој нема да има увид во тоа како ги трошиш. Дали е convenient? Не, ама постои опција и ако одлучиш да не ги користиш услугите што зависат од мејл и телефон, не губиш пристап до нив.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1621 на: 30 Април 2026, 14:56:48 pm »
GDPR - е регулатива која правните лица и физички кои вршат комерцијална дејност во рамките на Европската Унија имаат обврски и права и ја регулира заштитата на лични податоци.
Нашата држава ниту е членка на ЕУ, ниту пак некогаш ќе биде, така да никој нема обврска да постапува по GDPR особено за дејствија во граници на државата и корисници кои се резиденти на државата.

Правните лица кои што се регистриани во државава и кои што чуваат податоци за клиенти резиденти на државата имаат Политика за приватност само про-форма. Никој не води никаква евиденција каде личните податоци се чуваат, корситат и кој има пристап до нив.

Пример:
Имаш другарка Маре, која работи во банка, може да дојде инфорации околу твоите лични примања, кредитен рејтинг, хипотеки и слично. Онака лабаво со кафе и еклер додека е на пауза. Може да те види на инстаграм, лесно да те најде по име и презиме и да те “провери„
Имаш другар во МВР и имаш таблица од некој што те изнервирал. Лесно ќе ти каже чива е таблицата, каде е регистриано возилото кој ти е матичен број. Па ти после ќе се јавиш кај Маре и ќе ти каже и колку плата имаш.
Замисли да имаш другар во Катастар? Или другарка која е докторка и има пристап до „Мое Здравје„ системот?

НИТУ еден податок не е заштитен. Тоа што не се десило некое срање до сега не е заради високо ниво на заштита, туку затоа што никој не решил да се замара да направи беља.

Грешка си, посебно за банките. Ако ја фатат Маре со смкнати гаќи (да дава податоци за клиент на трето лице), ќе го јаде и Маре и банката. Имаме нов Закон за заштита на лични податоци, во кој се усвоени подоста од ЕУ регулативите и директивите. Многу вложија изминатите години во кадар за усогласување со прописи, плус и НБРМ и виси над глава. Ако има некој злоупотреба, тоа е индивидуално и затоа (по правило) се одговара.

Те разбирам што сакаш за општа култура на имателите на лични податоци во однос на сензитивни лични податоци и тоа што не се внимава, како и за се, тешко прифаќаме промени.

Своерачен потпис ;)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2771
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1622 на: 30 Април 2026, 15:09:40 pm »
На сите други места податоците ти се оставени по твоја волја. Не мораш да имаш корисничка сметка на ЕВН/Водовод/Телеком кај што оставаш мејл, може да ти стигаат сметки по пошта на адреса.

Не збориме за кориснички сметки кои се customer-facing, збориме за податоците што ги даваш и ти ги имаат при самиот договор за услугата.
Зошто Водовод го сметаш за побезбеден за хакирање од МВР? Еве не мора да е хакирање - за интерен leak да збориме.
Па во ФЗОМ се деси срање и што сега...

Парите кога ќе ти легнат на трансакциска од плата, можеш целосно да ги извадиш во кеш и така никој нема да има увид во тоа како ги трошиш. Дали е convenient? Не, ама постои опција и ако одлучиш да не ги користиш услугите што зависат од мејл и телефон, не губиш пристап до нив.

И овде се бркаш нешто.
Парите за да ти легнат на трансакциска - треба да имаш отворено сметка. Еве некој нејќе сметка во ниедна банка - како тој би примал плата или пензија?

Зошто не разбираш дека сме ограничени за живот и опстојување со одредени услуги од НЕ-ДРЖАВНИ компании.

Како што не форсираат за одредени работи - ќе си легнете како средношколка на екскурзија и за Сејф сити :)
И сите ќе си дадете мобилен и мејл. А и веќе си имате дадено, сега само нешто ми изигравате борци за човечки права.
« Последно менување: 30 Април 2026, 15:14:57 pm balanar »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1623 на: 30 Април 2026, 15:14:06 pm »
Дечки, уставен реши дека е супер работава со сејф сити. Толку од муабетот. Џабе веземе тука :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1624 на: 30 Април 2026, 15:23:52 pm »
На сите други места податоците ти се оставени по твоја волја. Не мораш да имаш корисничка сметка на ЕВН/Водовод/Телеком кај што оставаш мејл, може да ти стигаат сметки по пошта на адреса.

Не збориме за кориснички сметки кои се customer-facing, збориме за податоците што ги даваш и ти ги имаат при самиот договор за услугата.
Зошто Водовод го сметаш за побезбеден за хакирање од МВР? Еве не мора да е хакирање - за интерен leak да збориме.
Па во ФЗОМ се деси срање и што сега...

Баш напротив, јас знам дека во државава ништо од податоци не е безбедно и никогаш нема да биде. И баш затоа тврдам дека треба што помалце податоци и во што помалку системи да се чуваат. Логично е дека за услуги особено државни МОРА некако да се идентификуваш, и за тоа се доволни податоците што ти се законски заведени како име, презиме, матичен број и адреса на живеење. Ниту се реално потребни мејл и телефон за Сејф Сити, ниту па има ситуација да мора 2те да ти ги внесат во систем (само едно од двете ќе заврши иста работа).

Ги дадов, да, за жал. И кога ќе ја продадам колата и ќе се одјавам како резидент во МВР ќе барам да се избришат. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1625 на: 30 Април 2026, 16:28:38 pm »
Туу бе какви лиглиња сте биле, не ве сметав за вакви.
За вас само JUS стандард.🤣

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10593
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1626 на: 30 Април 2026, 20:58:11 pm »
Од 9/11 наваму властите постојано ги намалуваат слободите, а ги зголемуваат диктатите бо име на заштита од наводни закани.
Еклатантен пример беше ковид аусвајсот за вакцинација и бустеризација.
Сакаш да влезеш во продавница или да патуваш, бустеризирај се.

Телефонот и меилот се за моја лична потреба, и јас одлучувам каде и кому ќе ги дадам.
Впрочем, доброволно без условување ги имам дадено одамна на брокерот при вадење полиса и уплата за технички преглед.
Проблемот е што денес ме условуваат и уште ми велат да си купам коњ доколку не ги дадам тие податоци.


Баланар нешто ломоти, но во банка не му кажале дека нема да му одобрат кредит доколку нема меил или телефон. Инаку отсекогаш била потребна сметка во банка на која ќе ти легнува плата. Врз основа таа сметка се издаваа и чекови на времето.
Во салон за коли не ми рекле дека нема да ми продадат кола доколку немам меил или телефон.
Дури и за вадење ЛК не ми рекол МВР нема ЛК доколку немаш меил и телефон.

Значи уште еднаш, за да возиш кола е потребна возачка дозвола, точка.


« Последно менување: 30 Април 2026, 21:05:40 pm Mikius »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7663
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1627 на: 30 Април 2026, 21:32:12 pm »
Вози ти и понатаму, има да изнајмиш од некој што нема уплав од давање на телефон и меил во министерството за внатрешни работи. Не дека мене ми ги даваш, ми притребале твојте/на било кој податоците...
А и сигурно дека ќе има некоја алтернатива за бабите и дедовците што се без мобилен.
« Последно менување: 30 Април 2026, 21:52:18 pm n1kola »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10593
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1628 на: 30 Април 2026, 23:12:07 pm »