Како би ми злоупотребиле број и маил кој што се користат само за таа намена? Што би ми направиле што толку би ми наштетило? Озбилно прашувам ова.
Ако така гледаме и навлегуваме толку детално во проблемот со заштита на податоци, тогаш не е никаков проблем сејф сити туку е проблем во АЕК што дозволува да се користат тие податоци.
Но ако правиме реален муабет, настрана од теоретските можности, тогаш со дедициран број и маил само за тоа си комплетно безбеден.
Моментално мојот број е даден во ЕВН, во телеком секако, во јавно комунално претпријатие, во сите банки каде што е врзан со е-банкарство, во безброј карга, онлајн шопови и каде уште не... Што толку Сејф сити сега прави проблем со тоа?
Како што напоменав стварно озбилно прашувам за практичен проблем што би ми се појавил, не теоретски?
Зошто ако одиме со теоретските проблеми, тогаш може да ми го најдат писмото што ми е стасана казната во сандачето, да го отворат и таму да го видат мојот матичен број, број на возачка, број на лична карта анд со он..... како што реков, ако одиме во теоретски можности за проблем тогаш има мал милион можности да се злоупотребат податоците.
Може тој телефонски број и мејл (заедно со твоите матичен број, име и презиме, кои што се врзани со телефон/мејл и до кои што имаат пристап во системот вработените во МВР) да го дадат како контакт информација во системи кои што немаат никаква верификација (како многуте практични примери со брзи кредити, блиска другарка беше исто жртва на ова). Тебе телефонот и мејлот секако мора да ти се активни за во случај да добиеш казна, и во најдобар случај ќе те замараат со повици.
ЕВН, Телеком се приватни фирми, и сите заедно со Водовод (и другите приватни онлајн шопови) имаат политика за приватност јавно достапна на нивните сајтови. МВР/Сејф Сити нема. Не знаеш кои се дозволените, а кои не се дозволени употреби, ниту кој има пристап ниту како се обработуваат тие податоци.
Споредбава со казна во поштенско сандаче не е баш иста. Прво, за да се обие поштенско сандаче треба труд, и плус шансата дека некој ќе знае дека имаш ти казна со твоите лични податоци внатре е многу мала

додека со моменталниот систем, дури и да немаш ниту една казна добиено, бар 1 човек ти ги примил и обработил твоите податоци (на шалтер кога регистрираш кола).
Самата таблица е јавно достапна информација и сама по себе не е PII ниту може да се злоупотреби некако.
Инаку казните за прекршување на GDPR од страна на приватни компании се астрономски.
Друга работа е што ги бараат и телефонот и мејлот, и ова е директно прекршување на GDPR Minimization Principle. Ако еден податок е доволен да ги задоволи сите потреби, нема потреба да се бараат 2та. А во ситуацијава и мејлот и телефонот ја вршат целосно истата функција.