Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 82704 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1560 на: 24 Април 2026, 09:29:22 am »
Не им давај идеја, ќе се најде некој инфлуенсер или повреден ќе прочита, ќе напише на ФБ и после и за тоа ќе има драми :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22275
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1561 на: 24 Април 2026, 10:15:57 am »
Пред некој ден ми стигна прва опомена, од камерите на мост Обединети Нации од Карпош према Влае, за 51 во 50 зона.

Целава фрка со камерите спадна за некој месец, сите сфатија дека 50 до 60 на саат низ град е сосема доволно за нормално функционирање и се адаптираа.

Милина и за на мотор и за почетници во сообраќај.
Уште да не се вози 38 непосредно пред камерите, односно 28 ако е таксист.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1562 на: 24 Април 2026, 10:39:44 am »
Може комотно да се зголеми ограничувањето у град на 60км/ч, никој нема да вози 60, сите ќе си возат 38 :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8240
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1563 на: 24 Април 2026, 13:28:10 pm »
Добро дечки не сте на судење,општо  во Мк се нема навика да се држи растојание,а треба пошо е побезбедно.
Не е проблем да се држи растојание, поготово на автопат. Ама страшно кога некој од 120 кочи нагло на 70 без причина.

Слушнав денес муабет дека вчера што беше сообраќајката на скопска обиколница помеѓу камионот комбето и џипот била од иста причина. Ако е така, тогаш сејф треба да се тргне од сити.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4586
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1564 на: 24 Април 2026, 13:49:17 pm »
Не, туку треба малце повеќе акал да се има и да не се понашаат некои ко тотални кретени.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1565 на: 24 Април 2026, 14:57:41 pm »
Добро дечки не сте на судење,општо  во Мк се нема навика да се држи растојание,а треба пошо е побезбедно.
Не е проблем да се држи растојание, поготово на автопат. Ама страшно кога некој од 120 кочи нагло на 70 без причина.

Слушнав денес муабет дека вчера што беше сообраќајката на скопска обиколница помеѓу камионот комбето и џипот била од иста причина. Ако е така, тогаш сејф треба да се тргне од сити.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Не е Сејф Сити проблем. Ние сме нација која е научена да не држи растојание, едно 80%+ од шоферите. Тука и себе се вклучувам. И сега ни е потешко да се привикнеме на нормално и правилно возење. Колата пред тебе може од мал милион причини да прикочи. Куче на пат ми е прва помисла, прееска имаше А6 што имаше спукано куче на патот по Алфи накај Крива Паланка. Медицински проблем. Стискање на кочница по грешка. Се може да се случи. Наше е да држиме безбедна дистанца.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7098
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1566 на: 24 Април 2026, 15:35:59 pm »
Се во ред, ама да видиш знак 120, и потоа ја гледаш камерата и кочиш до 70, тоа е само отсуство на мозок и разумно размислување.

Исто како и кај камерата после тунелот од Катланово накај Велес, 50 возат на автопат....

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8240
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1567 на: 24 Април 2026, 16:02:19 pm »
Не беше проблем тука растојание, туку паниката негова пред камерата. Ќе се истепаше сам а и мене само да не го блицне камерата иако на 120 не е би требало да го блицне. И нормално после камерата му ја збриша.

Во мозокот е проблем, не во растојанието.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7122
  • Бенве сие бенве
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1568 на: 24 Април 2026, 16:21:45 pm »
Се додека не се промени начинот на обука на новите кандидати така ќе биде. Сите ги учат да положат, а никој да функционира безбедно и одговорно во сообраќајот. Плус и преку ноќ некако северџанот ко да дојде до пари и аздиса


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7606
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1569 на: 24 Април 2026, 22:50:12 pm »
Денес приметив сејфсити камера со радар на обиколница кај клучка Волково-Стопански, правец накај ВЕ/КУ, поставена на канделабрата. ;D
 
Обично се на П констукции, и лесно забележливи, ама оваа ја закачиле на канделабрата.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1570 на: 24 Април 2026, 22:52:44 pm »
Имаше некаде закачено на мостот и нема шанси да ја приметиш од далеку. Не ми текнува кај точно беше. Истотака ми остави впечаток менаџирањето на кабли им беше ужасно.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1571 на: 24 Април 2026, 23:22:15 pm »
На обиколница, кај исклучувањето кон Радишани е на надвозник. Ако не ја знаеш...

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 334
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1572 на: денес во 07:17:12 »
Едно глупо прашање...дали "плавиве" камери се всушност радари што мерат брзина, односно овие:



A обичниве бели камери им се само надзор и не мерат брзина?


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30609
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1573 на: денес во 07:56:29 »
Има камера на столб на исклучувањето кај Белви во правец кон Куманово. Наводно ограничувањето е 40.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7098
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1574 на: денес во 11:01:26 »
Едно глупо прашање...дали "плавиве" камери се всушност радари што мерат брзина, односно овие:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

A обичниве бели камери им се само надзор и не мерат брзина?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

На горната слика не се радари. Треба да имаат плава коцка под камерата за да бидат радар-опремени.
Нема ниту табла со известување дека брзината се контролира каде што има вакви камери без таква плава коцка под нив.
И тестирано на такви камери без таква плава коцка каде што ниту се означени како контрола на брзината, не стасуваат опомени.

На долната слика се камерите поставени од пред 15 и повеќе години и тие не се камери за казнување, туку како и во изминатите 15 години само мониторинг.