Калакурница е со тие камерите околу патарина Петровец.
Ајде таа за исклучокот накај Куманово имаш знак 60, значи треба да е на 60 сетирана.
Но онаа за десно према Велес, е тука немаш ограничување. Поточно имаше 80, ама ги тргнаа знаците. И сега на колку е сетирана бог знае.
Јас со 70 по километража или нешто под 70 според gps не стигаат опомени.
Е сега, кога доаѓаш од Велес и се исклучуваш према Петровец, пред мостот имаш знак 70 и доаѓа камерата.
Но ако се исклучуваш од Куманово према Петровец, тука за тебе 60 е.
И сега таа камера, на 60 е или на 70 е ?