Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 90060 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1170 на: 18 Февруари 2026, 10:19:31 am »
Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.

Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 239
    • MVP Ring
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1171 на: 18 Февруари 2026, 11:10:19 am »
Сејф сити, кој функционира дигитално (ти стига казна на меил/смс), а нема опција да платиш/ оспориш дигитално (ти стига линк и си плаќаш).... е ова неможам да го разберам.

И не верувам дека е причината да се штанцаат казни, причината е не способност, ништо друго.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1172 на: 18 Февруари 2026, 12:02:44 pm »
Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.

Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.

Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.

Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1173 на: 18 Февруари 2026, 12:32:35 pm »
Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.

Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.

Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.

Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.

Доказот за успешна достава е електронскиот запис кој се чува во архива. Правото на жалба е загарантирано. Доколку немаш мејл или мобилен, тоа треба да го истакнеш при регистрирање на возилото. Сепак имај предвид дека давање лажна изјава е кривично дело.
Сега ме интересира, дали ти имаш мејл и мобилен телефон? Дали имаш пристап до интернет или можеби ова го пишуваш од некој бесплатен интернет киоск обезбеден од државата? Ова ме интересира затоа што си жестоко против ваквиот начин на достава, па дури го сметаш и за противуставен. Од друга страна, претседателот на Уставниот Суд веќе даде позитивно мислење за целиов систем. Сепак конечната одлука по жалбите кон Уставниот Суд ќе биде донесена за некое време. Мислам дека ќе бидат одбиени. Во тој случај треба да се ангажираат правните експерти од социјалните мрежи и да го кутнат Сејф Сити во Стразбур. Или Хаг беше?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4125
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1174 на: 18 Февруари 2026, 12:38:16 pm »
Може не сме многу работлив народ, ама кога треба да изнајдеме начин да оспориме нешто што не ни одговара, тогаш сме цареви :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2362
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1175 на: 18 Февруари 2026, 12:48:19 pm »
Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.

Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.

Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.

Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.

Доказот за успешна достава е електронскиот запис кој се чува во архива. Правото на жалба е загарантирано. Доколку немаш мејл или мобилен, тоа треба да го истакнеш при регистрирање на возилото. Сепак имај предвид дека давање лажна изјава е кривично дело.
Сега ме интересира, дали ти имаш мејл и мобилен телефон? Дали имаш пристап до интернет или можеби ова го пишуваш од некој бесплатен интернет киоск обезбеден од државата? Ова ме интересира затоа што си жестоко против ваквиот начин на достава, па дури го сметаш и за противуставен. Од друга страна, претседателот на Уставниот Суд веќе даде позитивно мислење за целиов систем. Сепак конечната одлука по жалбите кон Уставниот Суд ќе биде донесена за некое време. Мислам дека ќе бидат одбиени. Во тој случај треба да се ангажираат правните експерти од социјалните мрежи и да го кутнат Сејф Сити во Стразбур. Или Хаг беше?

Брат без навреда ама како те гледам дека секој можен аспект од Сејф Сити го браниш и не дозволуваш никој ништо да критикува на темава, 99% сум сигурен дека си ВМРОвец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1176 на: 18 Февруари 2026, 12:57:06 pm »

Прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече само надлежен суд, освен ако глобата е утврдена до најмногу 250 евра во денарска противвредност за физичко лице, 500 евра во денарска противвредност за одговорно лице во правно лице и службено лице и 1.000 евра во денарска противвредност за правни лица прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече прекршочен орган и овластено службено лице.

За прекршок и за изрекување на прекршочна санкција одлучуваа судот, односно прекршочниот орган со одлука, против која се дозволени правни средства утврдени закон.

Ако е така, односно одлуката е донесена и има право на правен лек, писмената се доставуваат по пошта, преку правно лице со посебни овластувања утврдени со закон, преку службено лице на прекршочниот орган или непосредно во прекршочниот орган. Писменото му се предава непосредно на лицето на кое му е испратено, а тоа е должно да го прими. Ако лицето не се затече таму каде што треба да се изврши доставувањето, доставувачот ќе го предаде на некој од членовите на неговото домаќинство, постари од 16 години, кои се должни да го примат писменото. Ако тие не се затечат во домот, писменото ќе му се предаде на домарот, управителот или на сосед, доколку тие се согласат да го примат. Ако доставувањето се врши на работното место на лицето на кое треба да му се достави писменото, а тоа лице не се затече таму, доставувањето може да сеизврши на лице овластено за прием на пошта кое е должно да го прими писменото или на лице кое е вработено на истото место, ако тоасе согласи да го прими писменото. Доколку лицето не се затекне на адресата на која треба да му се изврши доставувањето, доставувачот ќе остави писмено известување заради примање на писменото со кое лицето се известува да дојде во определен ден и час во определена просторија на надлежниот орган за прием на писменото. Ако лицето не постапи по известувањето, се смета дека доставувањето е извршено на денот и часот наведени во известувањето. Со тоа се смета дека писменото е доставено.

Електронска достава има, но за службени и за правни лица. За физички, нема.

Еве, сум истакнал дека немам мејл и мобилен, и навистина е така? Остај тоа што јас сум на форум, еве нека не сум јас, некој друг е. И? Кое е наредното решение? Дали некој остави можност или избор јас да кажам дека немам мобилен и мејл? Не, туку "пополни го ова" беше, а ако кажев "немам", нема да знаеа таму што да прават.

Претседателот на Уставен? Репер? Без партиски притисоци? Мислиш дека ќе бидат одбиени? Ако не се? Има и повисоки инстанци, не се секирај.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1177 на: 18 Февруари 2026, 13:00:08 pm »

Не е никаква одбрана и Сејф Сити не е на ВМРО. Системов се гради 15 години, требаше да го пушти претходната влада од СДСМ, ама се одложи. Слободно критикувајте не можам ниту пак сакам да забранам, но би сакал да видам издржани критики, а не критика ради критика. Тоа што почесто пишувам на темава е заради моето мислење дека еднаш се случува некоја добра работа за која огромно мнозинство од луѓето без оглед на партиска припадност или националност имаат позитивно мислење, и пак има одреден број на луѓе кои сакаат да спречат, да ругаат, да бараат исклучоци за да останеме потонати во тиња.
 
Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1178 на: 18 Февруари 2026, 13:01:20 pm »
Не, не е така.

Проблем е начинот на спроведување на добрата работа. Кога еднаш ќе видиме ние добро испеглана, отстранети сите недостатоци и мазна примена на било која мерка?

Сè е квази, сè е половично, а спрема тоа и резултатите.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3409
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1179 на: 18 Февруари 2026, 13:02:20 pm »
Како е позитивно нешто ако треба да изгубам 6 дена за да докажам дека не сум виновен? Знаеш колку финансиски средства би пропуштил ако треба 6 дена да се матлеам низ институции за да поднесам жалба?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2362
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1180 на: 18 Февруари 2026, 13:09:00 pm »
Како е позитивно нешто ако треба да изгубам 6 дена за да докажам дека не сум виновен? Знаеш колку финансиски средства би пропуштил ако треба 6 дена да се матлеам низ институции за да поднесам жалба?

„Абе брат, само плати 7.5 евра иако не си крив, па за 7.5 евра ли ќе се замараш по институции“

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1181 на: 18 Февруари 2026, 13:18:02 pm »
Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.

Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.

Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.

Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.

Доказот за успешна достава е електронскиот запис кој се чува во архива. Правото на жалба е загарантирано. Доколку немаш мејл или мобилен, тоа треба да го истакнеш при регистрирање на возилото. Сепак имај предвид дека давање лажна изјава е кривично дело.
Сега ме интересира, дали ти имаш мејл и мобилен телефон? Дали имаш пристап до интернет или можеби ова го пишуваш од некој бесплатен интернет киоск обезбеден од државата? Ова ме интересира затоа што си жестоко против ваквиот начин на достава, па дури го сметаш и за противуставен. Од друга страна, претседателот на Уставниот Суд веќе даде позитивно мислење за целиов систем. Сепак конечната одлука по жалбите кон Уставниот Суд ќе биде донесена за некое време. Мислам дека ќе бидат одбиени. Во тој случај треба да се ангажираат правните експерти од социјалните мрежи и да го кутнат Сејф Сити во Стразбур. Или Хаг беше?

Прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече само надлежен суд, освен ако глобата е утврдена до најмногу 250 евра во денарска противвредност за физичко лице, 500 евра во денарска противвредност за одговорно лице во правно лице и службено лице и 1.000 евра во денарска противвредност за правни лица прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече прекршочен орган и овластено службено лице.

За прекршок и за изрекување на прекршочна санкција одлучуваа судот, односно прекршочниот орган со одлука, против која се дозволени правни средства утврдени закон.

Ако е така, односно одлуката е донесена и има право на правен лек, писмената се доставуваат по пошта, преку правно лице со посебни овластувања утврдени со закон, преку службено лице на прекршочниот орган или непосредно во прекршочниот орган. Писменото му се предава непосредно на лицето на кое му е испратено, а тоа е должно да го прими. Ако лицето не се затече таму каде што треба да се изврши доставувањето, доставувачот ќе го предаде на некој од членовите на неговото домаќинство, постари од 16 години, кои се должни да го примат писменото. Ако тие не се затечат во домот, писменото ќе му се предаде на домарот, управителот или на сосед, доколку тие се согласат да го примат. Ако доставувањето се врши на работното место на лицето на кое треба да му се достави писменото, а тоа лице не се затече таму, доставувањето може да сеизврши на лице овластено за прием на пошта кое е должно да го прими писменото или на лице кое е вработено на истото место, ако тоасе согласи да го прими писменото. Доколку лицето не се затекне на адресата на која треба да му се изврши доставувањето, доставувачот ќе остави писмено известување заради примање на писменото со кое лицето се известува да дојде во определен ден и час во определена просторија на надлежниот орган за прием на писменото. Ако лицето не постапи по известувањето, се смета дека доставувањето е извршено на денот и часот наведени во известувањето. Со тоа се смета дека писменото е доставено.

Електронска достава има, но за службени и за правни лица. За физички, нема.

Еве, сум истакнал дека немам мејл и мобилен, и навистина е така? Остај тоа што јас сум на форум, еве нека не сум јас, некој друг е. И? Кое е наредното решение? Дали некој остави можност или избор јас да кажам дека немам мобилен и мејл? Не, туку "пополни го ова" беше, а ако кажев "немам", нема да знаеа таму што да прават.

Претседателот на Уставен? Репер? Без партиски притисоци? Мислиш дека ќе бидат одбиени? Ако не се? Има и повисоки инстанци, не се секирај.
Цитираш членови од стариот закон за прекршочна постапка кој е изменет токму заради Сејф Сити. Не знам која е поентата? А за тоа што ќе ти кажел тој од МВР ако си речел немам мејл, немам мобилен телефон, пробај следен пат па види. Веројатно прво ќе се изнасмее, а после ќе ти укаже дека може да оставиш број од роднина. Ако немаш роднини веројатно на домашна адреса. Секако сите знаеме дека ова ќе биде "правење на будала" и дека грижата за тие 50 возачи без мејл и мобилен телефон во 2026 година во Македонија е всушност обид да го изиграш законот надевајќи се дека по пошта нема да ти стигне казната.
Повисоки инстанци од Уставен Суд во Македонија нема. Како што кажав, ако не ви успее ова, пробајте со Стразбур, Хаг, по амбасади? Секако, се исплати оваа битка за брзо возење и лудување без последици.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1182 на: 18 Февруари 2026, 13:19:05 pm »
Како е позитивно нешто ако треба да изгубам 6 дена за да докажам дека не сум виновен? Знаеш колку финансиски средства би пропуштил ако треба 6 дена да се матлеам низ институции за да поднесам жалба?
Па следен пат прочитај што ти пишува во казната - оди во прекршочен и поднеси жалба. Тоа трае помалку од еден ден.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2362
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1183 на: 18 Февруари 2026, 13:20:04 pm »
Како е позитивно нешто ако треба да изгубам 6 дена за да докажам дека не сум виновен? Знаеш колку финансиски средства би пропуштил ако треба 6 дена да се матлеам низ институции за да поднесам жалба?
Па следен пат прочитај што ти пишува во казната - оди во прекршочен и поднеси жалба. Тоа трае помалку од еден ден.

Ништо кај нас во пракса во државна институција не трае помалку од еден ден. Само теоретски може да е така. Мислам дека досега на сите ни е ова јасно.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1184 на: 18 Февруари 2026, 13:22:00 pm »
Како е позитивно нешто ако треба да изгубам 6 дена за да докажам дека не сум виновен? Знаеш колку финансиски средства би пропуштил ако треба 6 дена да се матлеам низ институции за да поднесам жалба?

па не само за жалба.
имаш онлајн систем за праќање казни по  sms/mail. имплементирај payment метод Casys или кој било.
треба од работа да се излегува за да се плати казна, па уште и ако треба уплатница да се носи во полиција за заверка. отиде цел ден.

плус да не зборуваме колку сме како општество назад со технологија.
колку немаат smart телефони, па дури и луксуз е интернет на телефон да имаш или рурарно место едвај edge сигнал фаќаш.

а ти треба интернет за да го видиш извештајот. смс како смс кажува само дека си казнет.