Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.
Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.
Противуставен е затоа што без доказ за успешна достава на акт носат одлука, на која имаш право на жалба.
Во државава, задолжително е да имаш регистрирано место на живеење или престојувалиште каде може да се изврши достава. Не е задолжително ни мобилен, ни мејл да имаш за на тој начин да ти се врши достава.
Доказот за успешна достава е електронскиот запис кој се чува во архива. Правото на жалба е загарантирано. Доколку немаш мејл или мобилен, тоа треба да го истакнеш при регистрирање на возилото. Сепак имај предвид дека давање лажна изјава е кривично дело.
Сега ме интересира, дали ти имаш мејл и мобилен телефон? Дали имаш пристап до интернет или можеби ова го пишуваш од некој бесплатен интернет киоск обезбеден од државата? Ова ме интересира затоа што си жестоко против ваквиот начин на достава, па дури го сметаш и за противуставен. Од друга страна, претседателот на Уставниот Суд веќе даде позитивно мислење за целиов систем. Сепак конечната одлука по жалбите кон Уставниот Суд ќе биде донесена за некое време. Мислам дека ќе бидат одбиени. Во тој случај треба да се ангажираат правните експерти од социјалните мрежи и да го кутнат Сејф Сити во Стразбур. Или Хаг беше?
Прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече само надлежен суд, освен ако глобата е утврдена до најмногу 250 евра во денарска противвредност за физичко лице, 500 евра во денарска противвредност за одговорно лице во правно лице и службено лице и 1.000 евра во денарска противвредност за правни лица прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече прекршочен орган и овластено службено лице.
За прекршок и за изрекување на прекршочна санкција одлучуваа судот, односно прекршочниот орган со одлука, против која се дозволени правни средства утврдени закон.
Ако е така, односно одлуката е донесена и има право на правен лек, писмената се доставуваат по пошта, преку правно лице со посебни овластувања утврдени со закон, преку службено лице на прекршочниот орган или непосредно во прекршочниот орган. Писменото му се предава непосредно на лицето на кое му е испратено, а тоа е должно да го прими. Ако лицето не се затече таму каде што треба да се изврши доставувањето, доставувачот ќе го предаде на некој од членовите на неговото домаќинство, постари од 16 години, кои се должни да го примат писменото. Ако тие не се затечат во домот, писменото ќе му се предаде на домарот, управителот или на сосед, доколку тие се согласат да го примат. Ако доставувањето се врши на работното место на лицето на кое треба да му се достави писменото, а тоа лице не се затече таму, доставувањето може да сеизврши на лице овластено за прием на пошта кое е должно да го прими писменото или на лице кое е вработено на истото место, ако тоасе согласи да го прими писменото. Доколку лицето не се затекне на адресата на која треба да му се изврши доставувањето, доставувачот ќе остави писмено известување заради примање на писменото со кое лицето се известува да дојде во определен ден и час во определена просторија на надлежниот орган за прием на писменото. Ако лицето не постапи по известувањето, се смета дека доставувањето е извршено на денот и часот наведени во известувањето. Со тоа се смета дека писменото е доставено.
Електронска достава има, но за службени и за правни лица. За физички, нема.
Еве, сум истакнал дека немам мејл и мобилен, и навистина е така? Остај тоа што јас сум на форум, еве нека не сум јас, некој друг е. И? Кое е наредното решение? Дали некој остави можност или избор јас да кажам дека немам мобилен и мејл? Не, туку "пополни го ова" беше, а ако кажев "немам", нема да знаеа таму што да прават.
Претседателот на Уставен? Репер? Без партиски притисоци? Мислиш дека ќе бидат одбиени? Ако не се? Има и повисоки инстанци, не се секирај.