За радарите немам таква информација. За камерите има официјална информација. Во законот стои 50 км/ч. Те охрабрувам да поминеш со 55 каде што ќе најдеш радар.
Ако ти немаш таква информација не значи дека не е така: https://meta.mk/mvr-kje-tolerira-do-56-kilometri-na-chas-vo-skopje-za-57-kje-platite-kazna-od-15-evra/
„Што се однесува до отстапките или толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари.“
Инаку сум поминал и со 55км/ч покрај радар во град и со 130 покрај радар на автопат, повеќе пати па не ме застанале ниту пишале казна.
Касниш. Еве директ од МВР/Тошковски:
„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега
за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч.
Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување
од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски.
Имаш ли ограничувач?
Постави на 55 и нема да плачеш.
Толеранцијата не за сите, за девијантни е 
Лимитер на 55 брка работа, ама не цело време. Низ Скопје барем на неколку локации има ограничувања од 30 и 40, и има камери. На Васил Чакаларов (меѓу Влае и Хром) е 40, со камера. На Ацо Шопов / Скупи кај Канал 5 е 40, со камера. На Водњанска покрај Кочо Рацин е 30, со камера.
Сакам да кажам, со лимитерот можеш да се опуштиш и да се заебеш.
