Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 87414 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2360
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #975 на: 04 Февруари 2026, 14:00:47 pm »
ова ако стварно снима со дилеј е добра работа
мислам дека и над 290км/ч не може да регистрираат

теоретски, ако ја прелеташ партизанска со 300 на саат, нема да јадеш казна

Ај Партизанска не, ама помошната писта пред Петровец, тјунирана 992 Turbo S можно е да може да крене 300 од пред Макпетрол до камерата, ја има силата само не знам дали има растојание доволно: https://www.youtube.com/watch?v=zKBac-SFbC4

Ова е веќе идиотско, опомена пуштале дека си во рамки толеранцијата, џабе трошење средства.
Колку чини една автоматски испратена имејл порака?

Сигурен сум дека наплаќаат кон фирмата изведувач по испратен смс.
За опомената членот пиша дека му стигнала само по имејл. Значи трошоци еднакви на нула.

Системи за автоматизација на имејл не се беспари. Преефтини се ама не се ни беспари.
Делумно точно. Освен ако немаш конкретни информации за тоа каков систем за испраќање мејлови користи владата, тогаш за џабе дискутираме. Од она што го читам, владините системи обично користат платформи за нотификација за кои плаќаат фиксна годишна сума која не е поврзана со бројот на испратени пораки.

Сите системи за нотификации и тие достапни за било кој да ги користи се со фиксна сума, но таа фиксна сума сигурно расте во однос на обемот на испратени пораки.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15121
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #976 на: 04 Февруари 2026, 14:15:32 pm »
Јас прашав пред некое време но немаше некој конкретен одговор па да прашам пак дали некој знае. Дали за поминување на црвено даваат две слики во кое се гледа возилото пред и после семафорот или едноставно само една слика со возило после семафорот? Затоа што поради икс причини може да бидеш внатре кога ќе светне црвено но тоа не значи дека возилото поминало на црвено
Кои се тие икс причини поради кои би останал внатре?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2360
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #977 на: 04 Февруари 2026, 14:19:26 pm »
Јас прашав пред некое време но немаше некој конкретен одговор па да прашам пак дали некој знае. Дали за поминување на црвено даваат две слики во кое се гледа возилото пред и после семафорот или едноставно само една слика со возило после семафорот? Затоа што поради икс причини може да бидеш внатре кога ќе светне црвено но тоа не значи дека возилото поминало на црвено
Кои се тие икс причини поради кои би останал внатре?

https://maps.app.goo.gl/cmKsPE6buCYRZPuW7

Оваа раскрсница се пали зелено во двете насоки истовремено, и често тие што се за лево и поминале на зелено нивно мора да чекаат тие од спроти да поминат пред да продолжат. Вака од памет што ми текнува

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #978 на: 04 Февруари 2026, 14:21:31 pm »
Сите вакви раскрсници треба да се сменат и да има само за лево зелено, како што е сега сите тие најчесто врват на црвено.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11155
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #979 на: 04 Февруари 2026, 15:49:06 pm »
ова ако стварно снима со дилеј е добра работа
мислам дека и над 290км/ч не може да регистрираат

теоретски, ако ја прелеташ партизанска со 300 на саат, нема да јадеш казна

Ај Партизанска не, ама помошната писта пред Петровец, тјунирана 992 Turbo S можно е да може да крене 300 од пред Макпетрол до камерата, ја има силата само не знам дали има растојание доволно: https://www.youtube.com/watch?v=zKBac-SFbC4

ќе пробав за научни цели, ама нема семафор

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3408
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #980 на: 04 Февруари 2026, 15:58:33 pm »
Јас прашав пред некое време но немаше некој конкретен одговор па да прашам пак дали некој знае. Дали за поминување на црвено даваат две слики во кое се гледа возилото пред и после семафорот или едноставно само една слика со возило после семафорот? Затоа што поради икс причини може да бидеш внатре кога ќе светне црвено но тоа не значи дека возилото поминало на црвено
Кои се тие икс причини поради кои би останал внатре?

Глутница кучиња да претрчаат на раскрсница, некој шизик со електричен тротинет да пресече или некој деливери со моторче.
Старо купујем да си помене лежерно со моторче, коњска кола итн итн. Вукојебина е ова секакви сценарии се гледаат низ улициве.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2360
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #981 на: 04 Февруари 2026, 15:59:31 pm »
ова ако стварно снима со дилеј е добра работа
мислам дека и над 290км/ч не може да регистрираат

теоретски, ако ја прелеташ партизанска со 300 на саат, нема да јадеш казна

Ај Партизанска не, ама помошната писта пред Петровец, тјунирана 992 Turbo S можно е да може да крене 300 од пред Макпетрол до камерата, ја има силата само не знам дали има растојание доволно: https://www.youtube.com/watch?v=zKBac-SFbC4

ќе пробав за научни цели, ама нема семафор

А камерите за брзина детектираат над 290?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #982 на: 04 Февруари 2026, 16:57:48 pm »
Башка такви опомени сигурно ќе бидат скоро милион на територија на цела држава, дневно...по пола денар да се, се пари кои можат да се искористат за паметни работи, ама секако идиоти ја водат државата.

Пола денар е имејл?

Повеќе како 0.005 денари ако хостираат сами, плаќаат струја,…

Или да сфатиш на 100 000 мејлови ќе потрошиш 500 денари на серверот.

Притоа серверот не работи само мејлови, така што реално ете за некоја визуализација

100 денари максимум на 100 000 мејлови.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #983 на: 04 Февруари 2026, 17:29:46 pm »
Јас прашав пред некое време но немаше некој конкретен одговор па да прашам пак дали некој знае. Дали за поминување на црвено даваат две слики во кое се гледа возилото пред и после семафорот или едноставно само една слика со возило после семафорот? Затоа што поради икс причини може да бидеш внатре кога ќе светне црвено но тоа не значи дека возилото поминало на црвено
Кои се тие икс причини поради кои би останал внатре?

Глутница кучиња да претрчаат на раскрсница, некој шизик со електричен тротинет да пресече или некој деливери со моторче.
Старо купујем да си помене лежерно со моторче, коњска кола итн итн. Вукојебина е ова секакви сценарии се гледаат низ улициве.

Според ЗЗБСП возилото е влезено во раскрсница кога предната оска ќе ја помине стоп линијата. Ама како се подесени камерите не знаеме.

Луѓето забораваат дека на трепкаво зелено следува и неколку секунди жолто. Па така на семафор за лево поминуваат само 3-4 коли, наместо 10.
Leta dozvolata na zholto :)

Го сменија пред некоја година, парична казна е за жолто.
Дај член, по можност од новиот закон. Ја ко што знам, за црвено беше парична, сега го вратија на п+3 мес. Жолто се третира како црвено - одсекогаш.

Во член 43 е додадено "ако не можеш безбедно да запреш" во 2020 година и тоа треба да е олеснителна околност. Ако се случи кривично дело сепак ќе има забрана.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #984 на: 04 Февруари 2026, 18:21:32 pm »
Башка такви опомени сигурно ќе бидат скоро милион на територија на цела држава, дневно...по пола денар да се, се пари кои можат да се искористат за паметни работи, ама секако идиоти ја водат државата.

Пола денар е имејл?

Повеќе како 0.005 денари ако хостираат сами, плаќаат струја,…

Или да сфатиш на 100 000 мејлови ќе потрошиш 500 денари на серверот.

Притоа серверот не работи само мејлови, така што реално ете за некоја визуализација

100 денари максимум на 100 000 мејлови.
Сакаш да кажеш дека со ова државата губи 500 денари месечно? Пари кои може да ги искористи за многу попаметни работи...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #985 на: 04 Февруари 2026, 18:37:15 pm »
Нескафе 3 во 1 за двајцата програмери во МВР

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #986 на: 04 Февруари 2026, 18:59:23 pm »
 Гледам не сте многу попаметни од тие што пуштаат ОПОМЕНИ дека си возел 51!
И 100 денари денот да е, а сигурно се повеќе, пак се 36 000 денари годишно, за апсолутно непотребни и некорисни мејлови. Замарање на луѓето и фрлање на пари кои ги немаат.

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #987 на: 04 Февруари 2026, 19:06:37 pm »
Јас пак мислам дека е добро опомени што праќаат.
Еве на граница сум поминал, боље да ме известат отколкѕ утре пак и да ја поминам границата у КАЗНА.

Колку за инфо, серверот работи за казни маил+смс, за опомени само маил. Е безпари
Дали месечно наместо 700 000 маила се пратат и 300 000 опомени не игра улога многу.

Под предпоставка дека ист сервер е, не е оделно за опомени оделно за казни

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #988 на: 04 Февруари 2026, 19:17:44 pm »
Гледам не сте многу попаметни од тие што пуштаат ОПОМЕНИ дека си возел 51!
И 100 денари денот да е, а сигурно се повеќе, пак се 36 000 денари годишно, за апсолутно непотребни и некорисни мејлови. Замарање на луѓето и фрлање на пари кои ги немаат.

Друже ти прибираш казни коа доаѓаш во Македонија, веројатно за чалам.  Ти најде за фрлање пари да збориш?

Онтопик, топ е што праќаат опомени. Така се развива свест, полека и сигурно.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15121
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #989 на: 04 Февруари 2026, 20:08:19 pm »
Гледам не сте многу попаметни од тие што пуштаат ОПОМЕНИ дека си возел 51!
И 100 денари денот да е, а сигурно се повеќе, пак се 36 000 денари годишно, за апсолутно непотребни и некорисни мејлови. Замарање на луѓето и фрлање на пари кои ги немаат.
Поучно ќе делуваат опомените,барем јас така мислам.А за средства што се трошат,поарно да не знаеш колку не потребни средства троши државата,поточно на непотребни работи.
Ние имаме едно 4-5 најмалку тотално не потребни министерства кои имаат по најмалку 2К вработени.
Агенции,комисии...рамковни...да не редам понатаму...