Случка од пред месец два кај фонтана во кисела вода стојам на тротоар чекам семафор. батка со голф 4 фати по тротоарот да се сврти ќе ме изгазеше. На 5 метра буквално паркирано полициско возило се вртам кон возилото унатре полицаецот залегнат спие.
Ама ај да си играме сејф сити технологии играчки. Мора да се врти парата за тендерчиња. Иако на терен имаат нула контрола.
Пред 15 години во Сиетел и околина возев малце на некој претстој околу 3 ндели. Имав рента кар и имам роднини таму. И нормално прво прашуеш локалец како е рдеот која е заебанацијата ако те застанат, раце на волан слушаш команди и остало. Меѓу другото како врви тоа со дисциплината. Џабе закони, казни и страѓшење ако фино не се покрие тоа на терен. Дежурниот патролџија во своето работно врем во одреден реон си прави план и си поминува на скеое место каде има стоп занак, ограничување на брзина, проивилегирнаи места па дури и на пешачки барем два пати неделно скоро секоја точка добува време на посетеност. И тука нема пропуст. 90% од локлното население јасно знае дека кај и да се залеташ статистички немаш шанси да не те фатат во неколку обиди. Со тоа се превенирани 90% од потенцијланите несреќи. Така да спрегата закон, финансиски реперкусии и покривање на терен соодветно се единствено ефикасно средство за борба.
Контра на ова кај нас патрола излегува на 4-5 места за сачекуење на возичи што „играат у гости“ и не се упатени за тие места собираат 4-5 казни и одат у оближна кафана на гага.
И сега сејф сити ќе помогне да не мора да излезат од кафана. Сите камери ќе се измапираат брзо и двите пак ќе дивеат надвор од дофат на овие камери. А коркачите ќе кочат на трпкачко зелено.
Ќе се навикнеме не е толку страшно, ама испадна после првиот сраф, пак во Јануари имаме жртви во Скопје и тоа на главните булевари.