Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 86883 пати)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #795 на: 26 Јануари 2026, 09:55:57 am »
У куманово има на 2места само, излаз проевце-доброшане и раскрсница пазарче

И на 2те нема браќа, накуде центар/болницу што е див запад не смеев да ставив

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #796 на: 26 Јануари 2026, 09:59:33 am »
Случка од пред месец два кај фонтана во кисела вода стојам на тротоар чекам семафор. батка со голф 4 фати по тротоарот да се сврти ќе ме изгазеше. На 5 метра буквално паркирано полициско возило се вртам кон возилото унатре полицаецот залегнат спие.
Ама ај да си играме сејф сити технологии играчки. Мора да се врти парата за тендерчиња. Иако на терен имаат нула контрола.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1464
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #797 на: 26 Јануари 2026, 10:24:55 am »
И тие што немаат таков додаток, има опција за мерење брзина преку ANPR технологија.
Односно ја препознава таблицата и според тоа колку пати ќе ја исчита таблицата во нејзиниот range, ќе пресмета со која брзина се движи возилото.

Дали?

https://mk.macgence.com/blog/anpr-automatic-number-plate-recognition/

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7781
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #798 на: 26 Јануари 2026, 12:02:31 pm »
У куманово има на 2места само, излаз проевце-доброшане и раскрсница пазарче

И на 2те нема браќа, накуде центар/болницу што е див запад не смеев да ставив

Работи и таа на влез во Куманово, накај Черкезе. Има камери и кај новата Џамија што ја направија кон Бедиње, само не загледав дали има и за мерење на брзина. Дефинитивно има и накај Ајдучка Чешка кога вртиш од Проевце лево. Ке видам баш дали и во Којнаре, на исклучување од автопат има камери за брзина, 100% има надзорни камери.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #799 на: 26 Јануари 2026, 12:08:53 pm »
@Tommy да пред проевски мост има, од проевце лево.

тие другите не сум ги запазил, ваљда сум возел прописно таму :D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #800 на: 26 Јануари 2026, 15:35:16 pm »
Еве мвр ги објавиле казните и нивните цени
https://skopje1.mk/mvr-gi-objavi-kaznite-sto-se-izrekuvaat-preku-sistemot-bezbeden-grad

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7781
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #801 на: 26 Јануари 2026, 15:42:42 pm »
Kaзниве за непрописно паркирање би ги зголемил десеткратно.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4113
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #802 на: 26 Јануари 2026, 17:12:42 pm »
Случка од пред месец два кај фонтана во кисела вода стојам на тротоар чекам семафор. батка со голф 4 фати по тротоарот да се сврти ќе ме изгазеше. На 5 метра буквално паркирано полициско возило се вртам кон возилото унатре полицаецот залегнат спие.
Ама ај да си играме сејф сити технологии играчки. Мора да се врти парата за тендерчиња. Иако на терен имаат нула контрола.

Пред 15 години во Сиетел и околина возев малце на некој претстој околу 3 ндели. Имав рента кар и имам роднини таму. И нормално прво прашуеш локалец како е рдеот која е заебанацијата ако те застанат, раце на волан слушаш команди и остало. Меѓу другото како врви тоа со дисциплината. Џабе закони, казни и страѓшење ако фино не се покрие тоа на терен. Дежурниот патролџија во своето работно врем во одреден реон си прави план и си поминува на скеое место каде има стоп занак, ограничување на брзина, проивилегирнаи места па дури и на пешачки барем два пати неделно скоро секоја точка добува време на посетеност. И тука нема пропуст. 90% од локлното население јасно знае дека кај и да се залеташ статистички немаш шанси да не те фатат во неколку обиди. Со тоа се превенирани 90% од потенцијланите несреќи. Така да спрегата закон, финансиски реперкусии и покривање на терен соодветно се единствено ефикасно средство за борба.

Контра на ова кај нас патрола излегува на 4-5 места за сачекуење на возичи што „играат у гости“ и  не се упатени за тие места собираат 4-5 казни и одат у оближна кафана на гага.

И сега сејф сити ќе помогне да не мора да излезат од кафана. Сите камери ќе се измапираат брзо и двите пак ќе дивеат надвор од дофат на овие камери. А коркачите ќе кочат на трпкачко зелено.

Ќе се навикнеме не е толку страшно, ама испадна после првиот сраф,  пак во Јануари имаме жртви во Скопје и тоа на главните булевари.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #803 на: 26 Јануари 2026, 17:27:53 pm »
По кој курс е еврото?
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30613
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #804 на: 26 Јануари 2026, 18:14:15 pm »
Кога се работи за плаќање кон државата, дневен среден курс на НБРМ.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4287
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #805 на: 26 Јануари 2026, 18:30:22 pm »
Валута ни е Денар, државни органи ставаат ценовник во евра. Банана држава.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7364
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #806 на: 26 Јануари 2026, 18:44:43 pm »
Лепи Села објаснио:



Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #807 на: 26 Јануари 2026, 20:03:03 pm »
Јас не знам како само да реагирам на семафор иде хитна или пожарна прв си црвено е морам да појдам напред или искосам со тоа згазнам линии и автоматски очекувам дека ке регистрира на црвено дека сум минал, и иди докажи се после, или друго во глава што ми се врти пола кола пред линијата да се стои за ако треба да се изведе ваков маневар...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4113
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #808 на: 27 Јануари 2026, 03:18:17 am »
Лепи Села објаснио:


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Како и плаќањето сметки за струја, вода, даноци и придонеси. Душа им извадија.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7364
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #809 на: 27 Јануари 2026, 07:00:57 am »
Јас не знам како само да реагирам на семафор иде хитна или пожарна прв си црвено е морам да појдам напред или искосам со тоа згазнам линии и автоматски очекувам дека ке регистрира на црвено дека сум минал, и иди докажи се после, или друго во глава што ми се врти пола кола пред линијата да се стои за ако треба да се изведе ваков маневар...
За такви ситуации си има шалтер за сејфсити во телевизија, ќе си земеш два дена одмор и ќе идеш да пуштиш приговор, пошто редот ќе биде претпоставувам до Вардар.