Поентата е да се научи народот на ред.
Или ќе тера по свое кај што нема камери и ќе собере некој, како жената онај со Пасатот.
За да не тераат по свое и за да стварно се зголеми безбедноста во сообраќајот треба и камерите да се поставени на стратешки локации.
Првомајска, од раскрсницата со Булевар Србија до пред кружниот за Драчево, позната по брзо возење и сообраќајки, нема камери.
8ми Септември има само 1 камера, и тоа одма пред кружниот кај Момин Поток, на потег каде што нема ниту семафори ниту пешачки премини. Додека на делот од Партизанска до Гологанов, кај што патем има 2 пешачки премини без семафор, нема ниедна камера.
Водњанска единствената камера е пред/после легнат полицаец, додека делов долу кај Клинички кај што има 3 пешачки премини и кај што сите неправилно вртат лево, нема.
Ова е само вака од памет што ми текнува. Има многу многу други примери кои што било кој полуспособен кога ја правел анализата требало да ги фати.