Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 87345 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #630 на: 30 Декември 2025, 09:50:45 am »
Сејф Сити, еден месец подоцна:

- Криво ми е што не даваат континуирани статистики. Какви се трендовите? Бројот на прекрошоци паѓа? Се зголемува? Останува конзистентен? Во кои периоди од денот се случуваат највеќе? Кои камери забележуваат највеќе? Би било интересно.

- Сообраќајот во Скопје не е само успорен, туку е затапен. Успореноста не ми смета до толку, ама ми смета тупењето. На Партизанска, на делници каде што нема камери, се вози меѓу 35 и 38 километри на час. Јас разбирам дека никој не сака да добива опомени (па здравје, ниту казни), ама не треба ни да се влечеме ко црева.

- Во истиов контекст, многу споро се трга од семафори. Ко да одат на забар, заб да им вадат. Ко да се деца што се враќаат дома после родителска. Ко да одат дома кога сопругата им рекла дека треба да зборат. Чекаат по 3-4-5 секунди пред воопшто да тргнат, а и тогаш е влееееееечееееењеееее додека да подзабрзаат. Строго до 38. Ко да одат на колоноскопија.

- И прерано се застанува на семафори. Зеленото трепка, не е ни жолто, кочат ко ненормални.

- Од друга страна, забележувам дека многу повеќе се користат телефони во коли. На луѓе им е досадно, па скролаат додека возат. Мислам дека ова е директно поврзано со успорувањето и влечењето.

- Се приметува дека повеќе внимание се обрнува на пешаци. Ова е добра работа.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3408
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #631 на: 30 Декември 2025, 10:00:31 am »
Како нема на партизанска кога единствената опомена што ја имам добиено е на партизанска.
Со влечењето и со кочењето се согласувам.
Користењето мобилни одсекогаш го имало и според мене е најголем проблем во сообраќајот. Посебно мислам дека жениве водат на тоа поле.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #632 на: 30 Декември 2025, 10:04:25 am »
На делници на Партизанска, не на цела Партизанска.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4587
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #633 на: 30 Декември 2025, 11:33:50 am »
Тоа со влечењето е пошто многу не знаат да возат кола, нити па ги знаат сообраќајните знаци и правила и прописи. Возеле претходно без грам мозок да уклучат и сега кога има закана по џебот, се свичнува на одбрана и вози бетер од 100 годишен дедо.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8241
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #634 на: 30 Декември 2025, 11:38:52 am »
Денес на влез на скопје од тетово кога се влага, намерно поминав со 65 да видам дали ќе ме регистрира системот. Бев со мојата кола. До сега нема стигнато меил или смс. Или ја средиле камерата (има знак 70) или мене ме нема во систем.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #635 на: 30 Декември 2025, 12:01:06 pm »
Сабајлево ми стигна 59 измерено на камерата кај стив во автокоманда а таму возев во колона не повеќе од 45 а имаше камикази што идеа лево десно и забрзуваа у најспора лента, не ми е јасно каде и како е ресгистриран прекршокот од 59 бидејќи сигурен сум дека немав услови да идам во реалност 64/5 на обртометар.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #636 на: 30 Декември 2025, 20:09:18 pm »
Како ќе се регулира давањето на коли на тест возење сега, било нови или половни?


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7653
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #637 на: 30 Декември 2025, 20:53:36 pm »
Логички би било, му стига казна на салонот, тие гледаат кој ја возел таа кола тоа време и ти ја препраќа тебе. Многу едноставно, исто како и возилата за достава.
За половните ќе му ја мисли тој што ја дава на проба.

Тука ако сликаат некој со твојата кола, ти стига писмо да се изјасниш кој возел, ако не кажиш, си плаќаш сам.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #638 на: 30 Декември 2025, 21:30:35 pm »
Логички би било, му стига казна на салонот, тие гледаат кој ја возел таа кола тоа време и ти ја препраќа тебе. Многу едноставно, исто како и возилата за достава.
За половните ќе му ја мисли тој што ја дава на проба.

Тука ако сликаат некој со твојата кола, ти стига писмо да се изјасниш кој возел, ако не кажиш, си плаќаш сам.

Како е процедурата за докажување кој возел таму?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7653
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #639 на: 30 Декември 2025, 21:54:59 pm »
Незнам, не сум имал такво искуство,  такво ливче иди со секоја казна.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3408
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #640 на: 30 Декември 2025, 22:03:39 pm »
Ме интересира мене друго нешто.
Ако е казна за која се одзема возачка дали може да посочиш лице дека возело кое нема возачка и да си ја платиш казната за возење без возачка дозвола плус казната за црвено. Казната ако не се лажам е 250 евра. Па и 500 да е пак е поисплатливо од 3 месеци без возачка.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7653
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #641 на: 30 Декември 2025, 22:28:38 pm »
Можи. Нема да имаш забрана. За во Германија зборам, за Македонија незнам.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3408
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #642 на: 30 Декември 2025, 23:08:18 pm »
Кај нас беше 250 и само глоба никакви кривични мерки. Освен сега нешто ако не промениле тоа е решение.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #643 на: 30 Декември 2025, 23:10:52 pm »
Со оглед на тоа дека ќе има фотографии, не знам колку би успеало тоа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15120
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #644 на: 30 Декември 2025, 23:12:29 pm »
Секое решение во секоја земја има начин како да го зафркниш.Работата е колку "системот" функционира и ќе ги открие или ќе се потруди да ги открие тие што пробуваат да го зафркнат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D