На опомената доле пишува со кој уред е извршено снимањето (Tattile), сериски број и дека е баждарен на 12.12.2023.
Тоа е пред 2 години
Дали има измени во законот во тој поглед и дали се знае на колкав период се баждарат, односно калибрираат камерите?
Во свет мислам дека е на 1 година и знам дека кога ги донесоа новите радари со кои се фалеше МВР (оние за геодетите), добар дел немаа сертификат за баждарење од биро за метеорологија и извесен број луѓе се ослободија од казни заради тој пропуст на МВР.
Се пофалија дека 65.000 прекршоци регистрирале за 12 саати, од кои безмалку 3.000 за поминување на црвено и 1.000 за истечена сообраќајна кои ги напоменаа како екстреми (овие последниве јас лично одма би ги казнил, па колку сака нека е тест период).
Не се ни пофалија дека фатиле некој на дозволено 50 возел со 120, а тоа ќе беше ударна вест
Што ќе рече дека 60.000 од овие прекршоци се за прекорачена брзина од 1-9 км/ч, што е одличен систем за товарање на буџет.
Ситна роба, гранапчиња, по 10 евра, миљонче дневно.
Не ќе е лошо за две недели да го пуштат во тест фаза и системот за поплаки и судско процесуирање на несогласување за сторен прекршок, па да имаме јасна слика на што сме во 2026.