Затоа што ја носам на мајстор, треба да провери што е океј, што не е, па да знам што да заменуваме. Иначе ќе треба да лупнам 300-500 евра комплет све у предница да сменам.
А од друга страна патешествијата со мајсториве иде вака:
Ја купувам колава, прв мајстор што го посетувам е Митревски. Ми прави мал сервис, ми ја проверува на предница, ми вели имаш само лева јабучица за замена, ама барај си мајстор што си работи Фиати, ја сум за ВАГ групација.
Следно започнувам да одам кај неговиот вработен Дејан од Сопиште. Ми прави голем сервис и ми ја заменува јабучицата.
Колата и понатаму појавува повремен звук на крцкање. И муабетот дека се е океј, немаш никаква луфта на ништо во предницата.
Ама тука настапува моментот на: -барај ме утре, барај ме во понеделник, барај ме за две недели.
За мене до три пати ако барам мајстор и ми го врти истиот муабет барај ме за толку дена, одма црвен картон, идемо следен.
Наредно ја имам веќе случката и со менувачот, првично бев кај Горан во Побожје, генерално само Алфа Ромео работи, ама и Фиат не е на одмет.
-Се ти е океј, освен двете помали чаури и лево и десно. Во ред, набавувам комлет чаури, ама и понатаму повремен крц крц.
Муабетот истиот пак, се ти е океј, немаш друга луфта, се ти е стегнато во предница.
Одам во Фас-Вас, правам мал сервис, напоменувам да проверат предница, велат и они се е океј.
Тука е моментот и со Дерби Фиат, менувачот, ама веќе тоа ми е зборено.
Наредно одам кај двајцата мајстори, едниот од Јагуар, другиот од Фиат Македонија да ми го средат климатроникот и за тоа немам збор, ја растурија таблата и за 24 часа беше склопено се назад и климатроникот работи.
Но за ова другово пак истата приказна, ај провери ми, па друже се е океј, немаш никакви луфти. Ама велам крцка. -Епааа сеа тоа е, мора да крцне, дрн дрн јариња.
Океј, идеме даље, правам исто мал сервис одма до мене млад дечко локален сервис, му напоменувам да провери и онака малце тркалата лево десно, се ти е океј, немаш мака. Дури не сакаше и едниот стабилизатор да ми го смени, демек ако тропкал, мала луфта е, вози така.
На мое инсистирање ги сменивме.
И еве последно сега сум кај друг човек исто од Фиат, него малку го напнувам, па некако се нафаќа да проверуваме и да го откриеме што е тоа што ја ебе работата а не е петелот.
Поентата ми е, имам проблем, одам на мајстор, треба да провери и да ми каже, оти во спротивност ако јас треба да дијагностицирам, на крај ќе завршам со комплет промена на се, а тоа не го сакам, ако некој дел е здрав, значи е здрав, се менува она што треба да се замени само.
Али во случајов после некои работи што се сменети, така да веќе полека се доаѓа до финално што е маката.
Ама мораш патешествие со мајсториве, јбг.