Сакав да направам груба пресметка колку би чинела една Лада Нива направена по пропис. Инав другар кој ја имаше прекрасно средено пред годиниве, и сме поминале прекрасни моменти со него, ама ја продаде пред 5-6 години, заради преголемата потрошувачка (немаше плин).
Под услов се да се купи на ново со поцинкувана каросерија (извор Бугар) и инџекшн мотор. Чисто како викенд возило или трето возило. Сигурно ќе е на старо купена, ама еве чисто да видиме како би биле цените на ново, за да се добие ултимативното офроуд возило за нормалниот човек.
1. Лада Нива - 7990еур.
2. Тркала 16 инчи, може да се користат и сток, но би земале подобри - 500еур.
3. Гуми 235/70/16 или нешто во тој ранг, 150еур по гума или вкупно - 600еур.
4. Плински уред - 500еур.
5. Булбар преден, странични, и заден - 600еур.
6. Самоблокирачки диференцијал за предни тркала, 350еур, до македонија 500. И за позади уште толку 1000.
7. Полица за на кров со ксенон светла - 300еур.
8. Кожен волан и кожна рачка за менувач - 250еур.
9. Предни ксенон фарови - 300еур.
10. Звучна изолација - 300еур.
11. Тркачки седишта - 500еур.
12. Обложување на ентериерот со кожа - 500еур.
13. Соодветно затемнување на прозорците - 50еур.
14. Подигнување од 5~8cm - 300еур.
= 13.650еурСекако ова е земено на ново со максимални цени за секој купен дел (и без работна рака), но кога се работи за проектна кола која ќе се користи за викенди и слично подобро е да се види што има на пазарите за стари делови и цената ќе опадне драстично.
Џејмс Меј пишува за Лада нива (2011 година)
https://dl.dropboxusercontent.com/u/4183025/topgear.pdf Прекрасен текст за оние кои би сакале да се запознаат со харизматичната Нива.
Еве нешто весело за на крај.