Самата набавна цена ти кажува за каков квалитет се работи.
Јас сум имал две купени чичка нови
Првата на 200 километри откажа мењачот, па го сменаа
После тоа во ред си беше.
Искрено, јас лично имав супер искуство со Ладите. Едната беше 1999-та 1.7 карбуратор, другата 2004 1.7i.
Немаа клима, немаа серво и тоа беше најголемиот хендикеп на колите.
Башка на отворено е убиство да се возиш. Бучавата и вибрациите се неподносливи (да речеме немаше звучна резонанца на 100km/h, а на 90km/h резонанца некоја се правеше)
Затоа на терен, во снег, беа неприкосновени. Предобри.
Антикорозивната заштита кај тие модели (сеа се далеку подобри) беше катастрофа. Нова, а мораше да се носи на битуменирање оти отиде колата за 3 години.
Јас само не ја сфаќам логиката на народов кога ги продаваат. Тогаш беа 7000-8000 евра нови, сега се претпоставувам 10000 ако и не и повеќе нови, а сега ги продаваат тие од 7-8К за 5000 евра - 20 години стари.