070 761 356 - Tони
Локациски во шутка тука се наоѓаат:
https://maps.app.goo.gl/vyj32VodVBLq3ekH8Што се однесува до вентилите, да си бараат редовно штелување, со клацкалки се, брегастата е доле во блокот, така да за таков тип на вентили со клацкалки, посекако на одредена километража си бара штелување.
По книга е 0.20 мм на сите вентили, усисни и издувни.
За ланчето нека не те изненадува, маана си е тоа, нема затегач и тоа е, едноставно го ставаш и од првиот момент натаму започнува секојдневно да се истегнува.
Поради тоа мора и аголот на разводникот да го носиш во раније постојано, за почеток некаде 5-7 степени рание палење, а како се истегнува, го поместуваш. Има ознака на самата шајбна на радилицата, и ознаки на самиот блок доле, па со отворен разводник се гледа кога магнетот ослободува и тогаш значи е наместен на палење. Ова го правиш со подигнато десно тркало и убацено во 5та и можеш да детектираш на колку степени рание палење е.
Кај мене беше стасана докај 17 степени рание палење, така да беше време да се менува ланецот.
Јбг, толку е квалитетот на ланецот.
Свекички исто ќе менуваш на макс 20 000 км, секако не се скапи, ја ставав Бриск и тоа е тоа.
А да и најважната работа, ако електронското палење е таму на самото крило заштрафено, обавезно да го преместиш бидејки пар месеци нерви искинав да сфатам зошто колата кога врне толку е, гаси и нема шанса да запали, се додека не ми скисна на сред дожд да отворам и да видам што ќе видам, цела плочка во вода од самото крило што има тука канали.
Земав наштрафив L плочка, на па неа електронското палење со додатна дебела жица за да има добар контакт со маса. И од тој момент натаму веќе немав проблеми со гасење и неубаво работење кога врнеше.
Ако нешто друго имаш мака слободно пиши ми, да имав доста заебанции, ама на крајот на се, успеав сам да ги детектирам сите аномалии и проблеми и за добар дел од нив и најдов решенија, колата ја знам во сон што решение би ти можел да понудам ако те дупи.
А ќе те дупи понекогаш, јбг

Еве на пример мене ме дупеше тоа што никогаш не ја покажуваше точната температура:
https://www.youtube.com/watch?v=01yf6tei0kQИ како уклучував потрошувачи, светла, парно, така сказалкава се поместуваше за 2 мм нагоре

Не прегреваше, ама тоа е, никогаш не покажуваше точна температура, бидејки јас имав метално куќиште за термостатот со месинган мерач со 1 жица.
Од 96та натаму се со пластично куќиште и со давач со 3 жици, ама па тоа пластичното е маана, знае да пушта антифриз пошто ако го стегнеш појако, се витка и пушта, ако е лабаво пак ќе пушта антифриз и иди најди и крај

Ама во моментите кога ќе и беше се тамам, погодено смеша плин, одеше сосема ок:
https://www.youtube.com/watch?v=MJwSk8OVSLw