Автор Тема: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW  (Прочитано 1132 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Поздрав,
Пред некој ден земав Шкода Фелиција Комби 1.3 43 kW од 1996 година во прилично добра состојба (ќе биде претставена во скоро време). Уште кога ја земав приметив проблем со ауспухот, па се испостави сега дека средниот лонец е лош, а и задниот е пред крај.
Колата е стара, но во добра состојба и сакам да ставам нешто со солиден квалитет а не само да "закрпам". Дајте предлози за добри сервиси што можат да ми завршат работа.
Исто така, дали има искуство некој со купување вакви ствари од странство? Се мислам да тркнам во близина кај некој од соседиве или да се нарача од autodoc на пример, доколку не најдам нешто солидно кај нас.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3954
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #1 на: 26 Октомври 2025, 21:44:24 pm »
Aspo на борис трајковски отиди побарај го дејан

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
  • The best or nothing.
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #2 на: 26 Октомври 2025, 22:44:43 pm »
@FiLo е лекот за тебе.  :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #3 на: 26 Октомври 2025, 22:50:04 pm »
Богами, таа кола ја знаев на секоја температура како ќе работи, кога ќе се дави во плин, а кога ќе и фали плин ;D

Иначе за делови, Ристо и Тони во Шуто Оризари, имаат и нови и половни делови.
Можеш и кај Роберт во Пинтија, ама кај него само половни делови, а успат ќе му го трпиш однесувањето како сите фелиции што му се кај него се доста подобри од твојата.

А за сервисер, Авто ЦО во Кисела Вода.

Ако нема плин, не и ставај плин, верувај не се исплати, троши најмалку 3-4 литри повеќе во однос на бензин и нерви ќе искинеш со плинот, не е плин за таа кола бидејки е двогрли карбуратор и никогаш нема да ја наштелуваш смесата да биде идеална, или ќе биде сиромашна и макс брзина 100 км/ч или ќе биде тамам за на високи вртежи и ќе оди до 150 км/ч, ама во градски услови ќе се дави во плин.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #4 на: 27 Октомври 2025, 00:45:55 am »
На секој карбуратор плинот е иста приказна. Таков е самиот систем.
Општо карбураторските системи се pain in the neck, во споредба дури со mono point.

Освен ако не ти е мерак да чачкаш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6036
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #5 на: 27 Октомври 2025, 10:17:19 am »
Не можи да се конвертира во моно поинт и да се одмали замарање ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #6 на: 27 Октомври 2025, 14:15:06 pm »
Би требало да е лесна преправка.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #7 на: 27 Октомври 2025, 14:29:59 pm »
Не можи да се конвертира во моно поинт и да се одмали замарање ?

За европски пазар фелиција се продаваше со истиот мотор, ама МПИ.
За балкански пазар да биде уште поефтина, одлучено е да се оди на варијанта со карбуратор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #8 на: 27 Октомври 2025, 15:35:12 pm »
Не можи да се конвертира во моно поинт и да се одмали замарање ?

За европски пазар фелиција се продаваше со истиот мотор, ама МПИ.
За балкански пазар да биде уште поефтина, одлучено е да се оди на варијанта со карбуратор.

Јас имав три Фелиции. Првата од 1997 беше 1.3 карбуратор, втората беше 1.3i (тогаш се викаше ајншприц :) ) и на крај караван фејслифт 1.6i.

Имаше и 1.9д :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17824
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #9 на: 27 Октомври 2025, 17:40:23 pm »
Теоретски конверзијата од карбуратор во EFI ќе вклучува компјутер, моторна инсталација со сензори, бензинска пумпа ако е различна, клапна за гас итн итн?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #10 на: 27 Октомври 2025, 19:23:33 pm »
Точно, читав негде дека и клипот не е ист како со карбуратор верзијата, башка МПИ е 50 kw, a карбуратор е 43 kw.

Накратко кажано, комплет сосе мотор треба да смениш ако сакаш МПИ варијанта на 1.3
Ама тука влегува у улога и 1.6 мпи 55 kw.


Сума сумарум, ја тераш со карбуратор, само треба да се проверуваат двете мембрани да не пуштаат бензин.
Јас мојата ја имав тестирано, некаде 9 литри бензин градска вожња трошеше. Ама плин трошеше 12-14 литри во град.
Затоа и велам, не е плин за неа, ниту ќе ја наштелуваш како треба, ќе кинеш нерви, а нема нешто да заштедиш.

Реално 9 литри градска бензин и околу 5-6 отворено е сосема коректно за таа кола и тој мотор.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 223
    • MVP Ring
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #11 на: 27 Октомври 2025, 20:27:10 pm »
Ехее, имав фаворит со истиот мотор. Трошеше 15л плин низ град и 7 на отворено :D

Sent from my A001LG using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #12 на: 27 Октомври 2025, 21:39:37 pm »
7 плин трошеше само ако ја возиш 80.
Ама пошто ја возев со полна гас по автопат, колку во град, толку и на отворено беше потрошувачката, боца од 30 литри доволна за само 250 км ;D

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #13 на: 28 Октомври 2025, 21:41:21 pm »
Aspo на борис трајковски отиди побарај го дејан

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Фала ти, се чув со него и ми понуди Polmo познати и како Polmostrow, полско производство. Гледам дека се едни од поевтините лонци на пазарот, ама и дека се со солиден квалитет.

Богами, таа кола ја знаев на секоја температура како ќе работи, кога ќе се дави во плин, а кога ќе и фали плин ;D

Иначе за делови, Ристо и Тони во Шуто Оризари, имаат и нови и половни делови.
Можеш и кај Роберт во Пинтија, ама кај него само половни делови, а успат ќе му го трпиш однесувањето како сите фелиции што му се кај него се доста подобри од твојата.

А за сервисер, Авто ЦО во Кисела Вода.

Ако нема плин, не и ставај плин, верувај не се исплати, троши најмалку 3-4 литри повеќе во однос на бензин и нерви ќе искинеш со плинот, не е плин за таа кола бидејки е двогрли карбуратор и никогаш нема да ја наштелуваш смесата да биде идеална, или ќе биде сиромашна и макс брзина 100 км/ч или ќе биде тамам за на високи вртежи и ќе оди до 150 км/ч, ама во градски услови ќе се дави во плин.
Имаш бројче од Ристо и Тони?
За сервис ми дадоа број од Тони во Кисела Вода, работел во Ка-Дис па отворил свој сервис. Кај Авто ЦО и другар мислам ја носи неговата Шкода.
Плин нема и не планирам да ставам.
Моментално ми работи малце грубо во лер, можда треба да се наштелуваат вентили и карбуратор. Еден пријател механичар ја виде вчера и ми рече као се слушал ланецот, а колата има само 98 илјади километри поминато.


Ако некој има друг сервис за ауспух, слободно нека даде предлог. Во главно на повеќе места каде што се јавив работат со Polmo и цената се движи од 6500 до 7500 илјади денари. Само во АС Стил ми понудија некој италијански бренд, ама го заборавив името.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #14 на: 29 Октомври 2025, 01:14:43 am »
070 761 356 - Tони
Локациски во шутка тука се наоѓаат: https://maps.app.goo.gl/vyj32VodVBLq3ekH8

Што се однесува до вентилите, да си бараат редовно штелување, со клацкалки се, брегастата е доле во блокот, така да за таков тип на вентили со клацкалки, посекако на одредена километража си бара штелување.
По книга е 0.20 мм на сите вентили, усисни и издувни.

За ланчето нека не те изненадува, маана си е тоа, нема затегач и тоа е, едноставно го ставаш и од првиот момент натаму започнува секојдневно да се истегнува.
Поради тоа мора и аголот на разводникот да го носиш во раније постојано, за почеток некаде 5-7 степени рание палење, а како се истегнува, го поместуваш. Има ознака на самата шајбна на радилицата, и ознаки на самиот блок доле, па со отворен разводник се гледа кога магнетот ослободува и тогаш значи е наместен на палење. Ова го правиш со подигнато десно тркало и убацено во 5та и можеш да детектираш на колку степени рание палење е.
Кај мене беше стасана докај 17 степени рание палење, така да беше време да се менува ланецот.
Јбг, толку е квалитетот на ланецот.

Свекички исто ќе менуваш на макс 20 000 км, секако не се скапи, ја ставав Бриск и тоа е тоа.

А да и најважната работа, ако електронското палење е таму на самото крило заштрафено, обавезно да го преместиш бидејки пар месеци нерви искинав да сфатам зошто колата кога врне толку е, гаси и нема шанса да запали, се додека не ми скисна на сред дожд да отворам и да видам што ќе видам, цела плочка во вода од самото крило што има тука канали.

Земав наштрафив L плочка, на па неа електронското палење со додатна дебела жица за да има добар контакт со маса. И од тој момент натаму веќе немав проблеми со гасење и неубаво работење кога врнеше.

Ако нешто друго имаш мака слободно пиши ми, да имав доста заебанции, ама на крајот на се, успеав сам да ги детектирам сите аномалии и проблеми и за добар дел од нив и најдов решенија, колата ја знам во сон што решение би ти можел да понудам ако те дупи.
А ќе те дупи понекогаш, јбг ;D

Еве на пример мене ме дупеше тоа што никогаш не ја покажуваше точната температура: https://www.youtube.com/watch?v=01yf6tei0kQ
И како уклучував потрошувачи, светла, парно, така сказалкава се поместуваше за 2 мм нагоре ;D
Не прегреваше, ама тоа е, никогаш не покажуваше точна температура, бидејки јас имав метално куќиште за термостатот со месинган мерач со 1 жица.
Од 96та натаму се со пластично куќиште и со давач со 3 жици, ама па тоа пластичното е маана, знае да пушта антифриз пошто ако го стегнеш појако, се витка и пушта, ако е лабаво пак ќе пушта антифриз и иди најди и крај ;D

Ама во моментите кога ќе и беше се тамам, погодено смеша плин, одеше сосема ок: https://www.youtube.com/watch?v=MJwSk8OVSLw
« Последно менување: 29 Октомври 2025, 01:23:38 am FiLo »