Баш ми е криво што слушам вакви причи за митото

Греота за колата, а и греота за чоекот што се ујдисал со нашиве „мајстори“. Ајде, белќи ќе се опраи и ќе си вози уште долго (или ќе се опраи и шитне, сеедно). За држачите, јас сум сигурен дека не беа во „распаѓачка“ состојба кога беше кај мене колата, сигурно ќе ги приметев дека се канта и немше да ги оставам така. А и да знаев, сигурно ќе му пренесев на новиот газда да си внимава, како што и му кажав за менувачот, и што е точно правено. Среќа што му се десило ова при мали брзини, инаку може доста незгодно да биде погон да изгубиш на поголеми брзини.
Edit, а може и не е скршена полуосовината, може е само откачена од дифф или од главчина, (или на спојката, десната е составена од два дела), па да е проблем само „паднатиот“ мотор од држачите.