Автор Тема: Кратко патешествие како ТОНИ АЛФА (3та мкд позади тинекс) ми го “среди” мито-то  (Прочитано 684 пати)

Отсутен BratPsiho

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Здраво друштво, ја отварам темава крајно разочаран и со намера да помогнам на сите што бараат совети каде и каде НЕ треба да се однесе кола на сервис, и баш затоа што мислам дека многу малку се пишува за тие работи овде иако сите мои пријатели и познаници се скептични кога ќе дојде до муабетот каде да се отиде а да не те издупат или па барем помалце да те боли. :) се работи за Алфа Мито 1.4tb 155кс каде што побарав од дотичниот да се испита од каде губи антифриз и на крај се смени казанчето и хладњакот кој ми го наплати поприлично скапо наводно беше во прашање valleo кој што инсистираше да се земе од грција овие во мкд не биле воопшто квалитетни па испадна некои 200€ со превоз, исто така и капачето од казанчето ми беше накнадно наплатено 500 денари кое што беше очигледно дека не е ново но тоа касно го приметив за жал. Не поминуваат два дена од промените цревата околу казанчето почнуваат да се дујат, почнува да ми прска антифриз и нивото на антифриз во казанчето се крева. Ја враќам кај господинот каде што ми ги мења цревата, и ми кажува дека се тоа се случува затоа што не ми работи перката и прави притисок на системот, секако одбива вина дека он ја има расипано иако претходно немав буквално никаков проблем со возилото, па сега перката врти само ако пуштам клима и најверојатно имам потреба од електричар да се најде проблемот. Како капак на се ова денес испуштаме воздух од хладњакот каде што сме веќе сигурни дека ни тоа не го направил како што треба, па во прилог ви го пуштам видеото проценете го сами, под услов да не сте далтонисти, ви благодарам за вниманието. https://go.screenpal.com/watch/cT6fnKnDK28
« Последно менување: 04 Октомври 2025, 04:58:16 am BratPsiho »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44385
  • Il Moderatore
На хладњакот некаде се наоѓа отпорник кој ја регулира прва/втора брзина на вентилаторот, провери го тој дали е ок, најчеста причина зошто не работи „ниска брзина“.
А за другово, шта речи, коју послуку порати..... Некако моторов ти  го претвара антифризот од црен во зелен :D Оди на друг мајстор, исплакнете го цел систем прво со вода, па после со дестилирана па ставете црвен антифриз, како што си бара колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14744
Оди си кај Жаре нека ти ја среди.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Оди си кај Жаре нека ти ја среди.

Вака, кола искрено веќе кај Жаре не би однел. Дечкото е коректен и пријатен на муабет, ама за мајстор Едно големо НЕ.

Имав понова кола пред некаде 8-9 години.
Тогаш моја прва поубава кола како студент.
Ми прави мал сервис.
Филтерот за уље ми паѓа до дома. Ова го примети друг мајстор. Вика тече.
Не поминав ниту 3000км.
Набрзо од сервисот колата престанува да крева над 120км/ч
Едноставно како блокада. Одам кај сервис Илија ( стариот, сега мислам дека не работи тој веќе) дај направи ми сервис и му велам обавезно да го видиш дефектот и ако можеш да го средиш.
Ми се јавува после некое време и ми вели средено.
Велам мајсторе а ова што не оди повеќе.
тој вели дојди ќе збориме. Одам јас и тој ми покажува згужван филтер. Гледај вика зашто не оди.
истовремено ми вели дека такво немал досега видено.

Ајде бидна и тоа.
Подоцна колата ми трокира набрзо после палење.
Одам кај него. Гледаше што гледаше. Ми вели дизна таа и таа. Треба да се вади и носи на бошиста.
квар околу 500-600 евра.

Викам тоа е. Ако се мора мора.
Да соберам пари и ќе ја правиме.
Во меѓувреме, Случајно запознавам еден колега кој си работи електрика дома.
Одам кај него искрено со малку скептицизам.
наоѓа дека дел од инсталацијата која води до дизните е скината.Со инструменти измери и го најде проблемот
Вика брат оди земи инсталација од друга кола. Викам јас не се разбирам еве ти пари. Ставање за неколку часа работа, колата на обиколница метак.


Едноставно премногу грешки од Жаре. Немам ништо против човекот. Пријатни се и Жарко и Александар за разговор и можеби друштевени.


Ама дали му се спиело па не видел дека е кабел или пак не се разбира? Тоа незнам
 но ете изгледа сум имал среќа од горниот, да најдам луѓе и сум успеал да ги санирам проблемите.



здравје, може да отидам кај Жаре на сок, али реално кола веќе не би однел кај него.
« Последно менување: 05 Октомври 2025, 15:30:38 pm volenos »

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 826
  • The best or nothing.
@volenos сега кој мајстор би го препорачал?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3181
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Исклучиво на рати плаќање кај мајсторите па ако се јави проблем у тоа да се вкалкулира

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5213
Исклучиво на рати плаќање кај мајсторите па ако се јави проблем у тоа да се вкалкулира
Taka i na rati ke ja zemes kolata od kaj majstorot

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2627
За Жаре имам слушнато неколку негативни искуства, а после лошото искуство на еден познаник, дефинитивно никогаш не би однел кола кај него.

Проблемот беше следен, Фиат мотор 1,2 губи вода/антифриз, оставена колата кај Жаре. Кажа ќе биде за два дена, го нема ни после пет дена да се јави. Го бараш, ќе биде за два дена. Одиш на лице место, некои глупости сменети, па не можеле друго да утврдат, па пробај вака вози.....енде. Во сервис Илија оставена колата, сменет дихтунг, готова следниот ден, по нормална цена.

Да прегрееше моторот ќе признаеше Жаре грешка или несоодветен третман на кола? Можеби некогаш дечкото работел како што треба, на Пунто 1 и Сеиченто. Немам ништо лично против него ама од такви мајстори бегаме и не сакаме да налетиме.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14744
Не знам, јас со Жаре имав супер коректен однос 8 и кусур години. Ми водеше дури евиденција за колата кај него (си имаше на компјутер база со податоци), ја следеше буквално колата што/како/зошто.

Така што од моја гледна точка, Жаре беше скрос коректен и затоа сите одевме кај него.

Е сеа, дали нешто меѓувреме се сменало не знам.

Отсутен BratPsiho

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Оди си кај Жаре нека ти ја среди.
се слушнав со дечкото неколку саати после дешавкава у план ми беше да се види на лице место да се даде едно мислење од каде да почнеме човекот директно ме одби у смисла “тони ти ја заебал врати се нека ти ја среди добар мајстор е он” :) така да испаѓа он, во план ми е да се слушнам или со илија или со ауто експертиз периодов.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7236
  • French diamond
Колку сељачки звучи таков одговор од мајстор, како ти да си знаел дека Тони не го бива т.е ќе се случи тоа што се случи и сепак си ја однел таму.  Ако си мајстор ќе ја средиш и ќе си  наплатиш без разлика кој/дали некој нешто заебал претходно.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7571
Оди си кај Жаре нека ти ја среди.
се слушнав со дечкото неколку саати после дешавкава у план ми беше да се види на лице место да се даде едно мислење од каде да почнеме човекот директно ме одби у смисла “тони ти ја заебал врати се нека ти ја среди добар мајстор е он” :) така да испаѓа он, во план ми е да се слушнам или со илија или со ауто експертиз периодов.

Kaжи ми дека си суетен, без да ми кажеш дека си суетен.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34300
  • Таков е животот... јебига
или со ауто експертиз периодов.

Со кого да се чуеш?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7176
Јас неколку коли носам кај него, до сега не сум имал никаков проблем да треба да одам повторно, пошо знаеме дека ако една кола секогаш се расипува или се менува колата или мајсторот.
Од друга страна, знам само дека со луѓе е најтешко да се работи, особено кога не поврзуваат машини со илјадници делчиња, дополнително што мал милион заебанции можат да искочат.

Да не пишувам што сите цени на занаетчиите отидоа х5 освен на механичарите.