Ретко пишувам на темата, колата се вози не многу често, на околу 250-300км (таков е софтверот на Тојота) добивам грешка за катализатор банк 2, според тестирања намален е капацитетот, инаку под напор (кога не е во лер) функционира беспрекорно, пробав со Cataclean адитив (го има на ebay директен увоз 26€ е една доза), но не успеа.
Двата upstream сензори се во ред и се нови оем (последно е сервисирана во Weller групација), имам комплет дихтунзи оем (доколку е леак), но планирам да ставам o2 spacers за да немам проблем во иднина и да поминам технички.
Втора недела во август оди на фарбање (тежок мајсторот…), па откако ќе биде готова ќе оди на хемиско и механичар (нарачани ексцентрични штрафови и задни долни вилушки за да ја средам комплет задницата, исто така ќе се менува knock sensor и духтунзи на капачка на вентили бидејќи од некаде пушта и го гори бидејќи капе на издувна грана и нема траги на асфалт, па може да се исчистат и усисните вентили додека е расклопена).