Здраво дечки, после долго време неактивност, време е да се пофалам со новото возило – Lexus IS250 2007 Luxury Line, веќе бев спремен за се откажам од барање на ова возило, бидејќи сите вакви возила се продаваа во рок од 40 минути до максимум 1 ден, но се појави овој Лексус.
Колата е од трет сопственик, а последниот ја има купено директно од Лексус и ја возел од 2020 година. Во моментот има 207.000 км, со сервисна книшка уредно водена до 138.000 км. Од поголеми работи досега се сменети водна пумпа, алтернатор и свеќици (слаби точки на ова возило), а редовно се правени сервиси и на мотор и на автоматски менувач.
Опремата е буквално врв за тој модел и година – сончев кров, крем кожен ентериер, грејачи и ладење на седишта, ксенон фарови со прскалки, греачи на брисачи, завеса на задна шофершајбна, навигација, Mark Levinson озвучување со 14 звучници, климатроник, авто-затемнувачки и електрични ретровизори со спуштање во рикверц, паркинг сензори + камера, електрични седишта со меморија и уште многу ситници.
Во моментот вози на црни OZ 17-ки со добри гуми (со ABE одобрение), а со колата доаѓаат и оригинални 17-ки со летни гуми и уште еден сет 16-ки со скоро нови зимски гуми – значи три комплета во пакет.
Тоа беа позитивните страни, а има и мали недостатоци кои не ме замараат, а тоа е – има мали гребнатини на двата браника и една линија на возачката врата најдолу на работ, па малку фатила корозија (многу ситно, површно). Внатре е без дамка од 'рѓа. Треба хемиско чистење (веќе планирано напролет кај Дарко - ТЕЕН), задни плочки, посериозен сет гуми, мал сервис за мирна совест и превентивна замена на масло во диференцијал.
Во возење е песна – се врти чисто и без проблеми до 7000 вртежи.
Слики:






















