Неделава не помина седеечки.
Беше закажано демонтажа на CNG уредот кај „Саше Плин“, сервис, многу коректно и колку што е можно уредно одработена работата. Некои касапници на инсталацијата останаа сам да си ги средам, ама лесна работа, божур цревца и лемилица у раце, ќе завршат работа. Останаа и некои црева за вода и воздух да се средуваат, но полека ќе се средат и тие.
Откако ја земав колата од деинсталација на цнг, ме сачека „чек енџин“ и работа на 5 цилиндри, малку испитување и дијагностика откри малце оксидиран контакт на првиот инџектор, бидејќи имаше манипулации со конекторите, имено беа тргани емулаторите на инџекторите за цнг-то, се манифестирал проблемот. Нејсе, решено за 10 минути, идеме понатаму.
Искасапена малце и инсталацијата за МАФ сензорот, ставале некој МАФ сигнал фејкер или не знам што, тргнат тој, вратена на оригинал инсталацијата и маф сензорот. Треба да видам и кај треба да затворам дупки од цревата, грометчиња гумени да ставам да не стојат дупки по каросерија..
Остана и полначката (без црева, само полначка) на браник, чисто да не стои празна дупка на браникот, ќе се тргне кога ќе се поправа браникот.
После овие интервенции, мислам дека најдов некои 20-30 коњи што фалеа на колава, сега е стварно задоволстово да се „цапне“ педалата за гас.
Исто така, наполнив системот за климатизација, кој што проработе, значи компресор работи, систем електроника работи, само да се најде кај губи фреон. Кажано ми беше дека демек пуниш на лето, до есен ќе траело, ама дур не се уверам сам, не можам да тврдам дека е ОК системот за климатизација.
Еве некое сличе успат:
Еве како стоеа боците, две се гледаат, една е позади двеве што се гледаат

Еве тука тргнати се веќе од гепек:

Еве дел од инсталацијата (една боца не е на сликиве):





Еве ја касапницата на МАФ конекторот и симулаторот на маф сигнал (или што и да е):

Следен чекор, да се позанимаваме малку со животните флуиди во колата. Уље, антифриз, сево уље, глицерин за кочници и сл...
За крај, мали тизерчиња: