Ајде и официјално да ја претставам мојата нова играчка.
Како што веќе знаете се работи за Alfa 166, прва генерација, произведена 1998 година, со 2.5 V6 24V мотор и мануелен менувач.Има поминато околу 225.000км, но ова не можам да го потврдам моментално, а сепак можно е да е блиску до вистината. Пошто е Алфа, може да е додадено некој км, за да изгледа дека се возела, а не дека седела по сервиси. Увезена е пред десетина години од Италија.
Опремата е многу солидна за тоа годиште, но како што доликува на класата: Автоматска клима, електрика на седишта со меморија, радио со цд чарџер, навигација, надграден аудио систем (Bose) со 10 звучници и појачало со DSP, вграден GSM телефон (потребна додатна картица за у кола), Сончев кров, бришачи со сензор за дожд, грејачи на шофершајбната за брисачите итн. Интересно опремена, што ја прави уште поинтересна за зачувување и реставрација во што подобра форма.
Состојбата на возилото е тешко да се опише. Not great, not terrible. Од далеку, убава е.
Механички е солидна, нема некои поголеми работи кои треба да се решаваат итно, колата е во возна состојба и регистрирана цела година.
Прво добрите работи: Моторот работи солидно, менувачот беспрекорно. кочниците се одлични, рачна функционална. Колата вози право, нема нагиб на задните тркала типичен за стари 166-ки со истрошен заден трап, така да според мене соодветвува на километражата. Има тропкање на задниот трап, амортизерите веќе се за промена. Предниот трап е исто доста уморен, треба да ја кренам да ги проверам горните вилушки, иако немам типичен torque steering za дефектни горни вилушки. Долните вилушки ми изгледат солидни, предните амортизери за у ѓубре. Треба да се променат некои манжетни на осовините и на механизмот за управување.
Од погонските работи, една работа квари доживљај, и таа прва ќе се решава, уште идната недела: Има вградено CNG уред - такозван метан. Итаљанска работа.. на Бусо метан да му стаиш.. Греота. ЦНГ уредот работи, го пробав, но ќе лета надвор од кола и ќе се враќа се во оригинална состојба. Среќа заради метанот не е касапена премногу инсталацијата, системот е вакуумски, не е со дизни за секој цилиндер, што значи не се оштетени легендарните хромирани цевки, иако планот е да се сменат со поубави од 3л мотор. Она што е најоштетено е пленумот на усисот, оној делот од граната помеѓу клапна и хромираните цевки. На тој дел се монтирани антидетонациски клапни, и е целата уништена. Ќе мора нова. Се гледа на сликите.
Некој нешто „муљал“ и околу маф сензорот, има некој пигибег, кој што допрва треба да откријам зошто служи, и да си најдам нов здрав маф сензор за да ја вратам у нормала.
Каблите за струја на дизните се исто така здрави, симулаторот што ги гаси дизните е со соодветни конектори, па и тука нема да има проблем. Остануваат само цревата за ладење на расплињачата кои се веројатно искасапени, но после 27 години може и ред е да се сменат.
Секако треба да се тргнат и трите огромни челични канистери од гепек и таму да се врати ситуацијата во што е можно пооригинална состојба. Секако ќе остане некоја дупка на шасија, кај што е бушено за да се постави инсталацијата, но ќе пробам тоа со соодветна заштита и гумени грометчиња да го санирам.
Каросериски колата е во солидна состојба, нема скапаници, не е тумбана, не е акана премногу. Нема тука многу за работа освен естетика.
Е, кога сме кај естетика, да почнеме: Претходниот газда ја дал на фарбање - ја пос*ал фарбарот солидно! Може ќе треба добар дел да се префарбува. Гепек сигурно, хауба можеби браник преден 100%.
Предните светла треба или нови или леќи, сега едниот фар ми е од кола со десен волан. Инсталацијата за светлата е касапена малце, веројатно цоклиња се менувани за сијаличките, па се врзувани несоодветно, тоа ќе треба да го адресирам исто така. Жмигавците во крила ќе треба да се прегледаат и сменат со нови или понови, посочувани. Едната магленка е пукната.
Позади, задните светла се избледени, и испукани тие на гепек, ќе треба да се најдат во подобра состојба, нема нов сток од тие. Светилките на таблица не работат, треба да видам зошто и евентуално да се набават нови. Фали десен катадиоптер.
Внатрешноста е башка приказна. Претходниот газда сакал да си игра малце. Ја сменил внатрешноста од одлично сочувана окер велур комбинација во солидно сочувана светло сива кожна комбинација. Но правел разноразни преправки, фарбал пластики, комбинирал ствари од различни ентериери и тоа малце делува аматерски. Фалат доста пластичиња и капачиња и орнаменти во внатрешноста, кои ќе треба да ги бркам по растурачи и одпади. Фали некој звучник кој ми обеќаа дека ќе ми го дадат, инаку ќе биде жива мака да се најде од надградениот систем звучник. Не работи сувозачката брава, ќе мора да се купи на старо механизам. Ќе треба да се најдат механизми за затварање на предните прозори, кои исто така не функционираат. Шиберот на кров функционира. ЦД чарџерот и навигацијата не функционираат самите читачи нешто зазаат, треба да се провери зошто и да се вратат во функција, иако од денешен аспект немаат функционална улога, како ни GSM телефонот.
Климата треба да се поправи - не работи, као демек фреон пуштала по малце, еднаш годишно може да се пуни, ама ќе мора да видам дали е тоа точно.
Следат неколку сликички, а како што ќе поправам работи и како ќе менувам ствари ќе ставам нови постови со слики и опис на работите.
Целта што сакам да ја постигнам со колава е, да имам здрава кола со беспрекорна механика и подвозје, ОЕМ+ средена, со колку што е можно здрава и функционална внатрешност. Основата е добра, понатаму све зависи колку ќе сакам да одвојам време и пари за да го постигнам тоа што го сакам.
Бујрум сликички и се надевам ќе се развива доволно брзо проектчево






