значи, тоа е друже, моќта на аргументите не беше доволно моќна да ја пробие корката на митот. :-)
јеби га, не е секој ден великден
А бе не е дека не вредат твоите аргументи, но ти не ги прифаќаш моите.
Ме третираш како „убиец на моторот“ со тоа што го оставам да работи 2-3 минути во место.
Се согласувам дека е митски податок дека е подобро да се загрее во место кога се работи за целосно загревање до, или блиску до работна температура. Но не се согласувам дека работењето во место 2-3 минути, ќе придонесе за скратен век на моторот во работни часови. Во изминати километри - да, бидејќи работи а поминува 0 километри.
ОК, да речеме дека е сеедно по животниот век на моторот. Тогаш зошто да трошам гориво залудно?
Кај мене е помала потрошувачката на бензин оние 2-3 минути дур се свртам околу кола да симнам снег и мраз, отколку да ги возам. Потоа колата префрла на плин. Точно е дека не поминувам километри, но тие залудно потрошени децилитри ми помагаат да заштедам пари. Ако не е ваков случај кај тебе, нема никаков разлог, освен сопствената комоција i.e. малку позагреана внатрешност, и евенутално стоплени седишта ако имаш греачи.
Не е дека не се согласувам со вас, залудно е, но не е убиствено на за машината.