да се вратам на темата,
како може моторот кој се движи, побрзо да се загрее?................ нели со самото движење истиот и ќе се лади.
а во место кога врти нема никакво ладење и според мене побрзо ќе загрее.
пример за пробување.
1.остај ја колата во место да работи и да видиш за колку време ќе загрее
2.вози ја колата и да видиш за колку време ќе ја постигне истата температура како во пр.1
ќе ви раскажам еден пример што мене ми се случи.бев на мајстор и меѓудругото требаше колата да загрее да видиме дали ќе уклучи блокаторот на термостатот.овака ова време беше знам ладно...мајсторот ми рече остај ја колата во место да загрее и да уклучи термостатот и вентилаторот на хладњакот.и така беше ја оставив околку 10 мин и почна перката на вентилаторот да врти.
возејќи накај дома од самото движење се спушти стрелката на термометарот,моторот беше почна да се лади.
да одговорам директно на прашањето.подобро е бар 1 минута да поработи(тоа би било од 30-60 секунди) па после да се тргне.
Кога моторот е ладен,термостатот е затворен и водата не врти низ ладникот туку водата врти низ парното.Кога возилото е во мирување,не е оптеретено а знаеме кога се движиме по нагорнина,температурата расте а по надлонина се намалува,така и овде побавно би се загреало.
А кога возилото е загреано,термостатот отворен,водата врти низ ладникот и како ке почнеш да се движиш воздухот кој струи низ ладникот ја намалува температурата на течноста и моторот изладува.
Тука зборуваме за ладен мотор,со исправен систем за ладење,во место без да ја турираш побавно би загреала.Пробај изврши еден тест,нема да те кошта ништо па сподели.Запали ја колата и остави ја во мирување и гледај за колку време би постигнала одредена температура на пр. 60С,наредниот пат провози ја,ама не по надолнини,па спореди и сподели со нас...