Автор Тема: Дали подобро да се тргне веднаш или да се почека моторот да се загрее во лер?  (Прочитано 165189 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Зошто моторот да работи 10 минути ладен, ако може да работи 1 минута ладен? Пошто у лер дур се загрее...
zatoa sto za taa minuta motorot se abe 50 pati poveke otkolku koga bi rabotel vo mesto.

Не.

Моторот комплетно се подмачкува за неколку секунди.

Ова со палење и оставање у лер дур се загрее.... си го прочитал некаде, или по твоја логика ти се чини исправно?

Ако си го прочитал - молам за линк.

Ако сакаш, јас можам да ти најдам десетина референци кои велат дека треба да се тргне веднаш. Ти дали можеш да најдеш макар една која ќе каже дека е „најубаво у лер да се загрее, па после да се тргне“?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Доволно е 30 секунди да работи во лер и после возење нормално до околу 2000 рпм.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Доволно е 30 секунди да работи во лер и после возење нормално до околу 2000 рпм.

Се сложувам !!!!!!!!!!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Доволно е 30 секунди да работи во лер и после возење нормално до околу 2000 рпм.

Се сложувам !!!!!!!!!!!!
И јас се сложувам. Ама филип се прави улав при здрав памет. Реков дека за моторот е најдобро во НАЈДОБАР СЛУЧАЈ да се загрее во лер па да се тргне. Ама во практични услови доволно е да се тргне после 15 секунди кога моторот е веќе подмачкан но да не се оптеретува додека не постигне работна температура.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
филип се прави улав при здрав памет.

полека директоре

Реков дека за моторот е најдобро во НАЈДОБАР СЛУЧАЈ да се загрее во лер па да се тргне. Ама во практични услови доволно е да се тргне после 15 секунди кога моторот е веќе подмачкан но да не се оптеретува додека не постигне работна температура.

Не, не е најдобар случај да се загрее во лер. Дури и да го имаш целото време до крајот на вечноста, пак е подобро да тргнеш веднаш. И да брзаш и да не брзаш - подобро е да тргеш веднаш. Моторот се аби ПОМАЛКУ доколку се тргне ВЕДНАШ (т.е. после неколку секунди)

Види погоре шо фино те замолив за референца. Пак те прашувам: дали ова си го прочитал некаде или по твоја логика зборуваш?

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
@Filipv

Кога ќе станеш сабајле прво што ќе направиш е стануваш од кревет и одма трчаш ???

Или стануваш, полека се будиш се освестуваш и тн. тн...   ???
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
@Filipv

Кога ќе станеш сабајле прво што ќе направиш е стануваш од кревет и одма трчаш ???

Или стануваш, полека се будиш се освестуваш и тн. тн...   ???

Schmitt, јас целосно го разбирам ставот кој вели дека е у принцип подобро у место да се загрее - само што не се согласувам со тој став. Нема потреба од симболики, разбирам што сакате да кажете. Само што не е така.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Пак те прашувам: дали ова си го прочитал некаде или по твоја логика зборуваш?
Еве ќе ти одговорам. До тој заклучок имам дојдено индиректно знаејќи како работат машините, знаејќи ги основните закони на физиката. На пример имам прочитано дека Formula1 моторите прво се загреваат со циркулација на врело масло низ системот за ладење на температура од окулу 200 степени целзиусови. Доколку не се направи ова клиповите се запечени за цилиндрите и не можат да се поместат од место. Ова истово се случува со сите возила пред почетокот на трките.

Според ова нема причина зошто истото да не важи и кај нормалните мотори. Факт е дека различни делови се различно загреани и тогаш моторот не е добро да се оптеретува. Не знам дали си возел постаро возило па да чуеш како тропаат вентили и други делови додека не се загрее моторот на работна температура. Ако ти е до толку до референците, ќе се обидам да ти побарам.

Еве нешто: http://sites.google.com/site/fuelsavingwebsite/driving-with-a-cold-engine
http://message.snopes.com/showthread.php?t=55580
http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20081114193425AAWwN8C

Во ниеден од текстовите не навлегуваат до толку во детали како што се споменува тука. Ако ти имаш некои референци кои објаснуваат дека нешто е мит или невистина тогаш дај ги да ги видиме или проанализираме.
« Последно менување: 25 Декември 2011, 21:47:52 pm Falanga »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Тргнувањето веднаш го измислија со еколошките правила. Се знае... палиш, саух, загреваш, па тргаш. Одсекогаш. Нема зошто модерниве машини да не го применуваат тоа правило (освен екологијата). Оптеретувањата (најмногу) на радилицата и на останатите делови се големи, а подмачкувањето не е доволно, маслото кога не е загреано не циркулира со потребната динамика. Бризгалките колку и да се трудат, кога е ладно возилото не можат да направат такво убаво распрснување на горивото како кога е моторот на РАБОТНА (намерно потенцирам) температура. Низ ладен издув потешко се движат издувните гасови, па и тој подобро работи кога е загреан...Маслото во менувачот е доста густо.. Барем 75W (ретки се колите како лада самара која имаше 10w-40 во менувач), па и тоа треба да се загрее како би провајдувало соодветно подмачкување..
Со стилото не беше толку страшна разлика, но со алфата 2 минути загревање ми ја намалуваат потрошувачката првите 3-4 километри од сабајле, а и побрзо префрлам на (еколошки) плин - покрај подобрата работа на целото возило (ем ми се одмрзнати стаклата). Така да НЕМА НИ ЕДЕН МЕХАНИЧКИ разлог (екологијата е прашање за себе), зошто е подобро да се тргне веднаш - поготово во зимски услови!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Обично практикувам, док трае саухот не тргам. Тоа е негде околу 15 секунди.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Обично практикувам, док трае саухот не тргам. Тоа е негде околу 15 секунди.
А колку време и` треба дур не се спушти на 900 в/мин?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Mene vo garaza mi e stalno zagreana :D ama po 1 min pricekuvam

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Обично практикувам, док трае саухот не тргам. Тоа е негде околу 15 секунди.
А колку време и` треба дур не се спушти на 900 в/мин?

Е тоа не сум проверил. Саухот е негде на 1300 после 15 секунди паѓа на 1000.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Загревањето отприлика трае 32-34 сек. т.е. додека отворам и затворам вратите од гаража  ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Јас го практикувам тргнувањето,загревањето исто како гоогле,влегувам,мавам на клуч пуштам кумплунг и гас ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D