Затоа јас велам дека здравата логика и познавањето на фундаментите на работите се покорисни отколку сурфање п некои шкљ сајтови хостирани кај перо дома или кој знае каде.
Се согласувам. Но кога твојата логика ќе се судри со логиката на некој друг, тогаш треба секој својата да ја претресе и да ја подложи на самокритчна анализа, а не да просто да се забарикадира позади своите претходни непогрешиви факти и најздрава логика у свет. Мене мојата логиката ми зборува дека е добро да се тргне веднаш, а тебе твојата логика ти вика дека е подобро да се остави у лер да се загрее.
Бидејќи логиката ни зборува различно, следен чекор е да видиме што мислат другите релевантни извори, секој со свој здрав разум и логика. Не можеш сите да ги отфрлаш и етикетираш само затоа што - ете - нивната логика зборува поинаку од твојата.
Не е ништо срамно понекогаш и да не си во право. Еј, па тоа е најнормално нешто у свет. Човек се учи додека е жив.
Затоа, наместо да се џилитиш, ти препорачувам уште еднаш зраворазумски и логички да размислиш на темата „дали е подобро да се загрее у лер или да се тргне одма“, пошто за *тоа* зборуваме, а не кај бил кој сајт хостиран. Тоа сфати го како одлична прилика да ги прошириш своите знаења и да си ја наостриш веќе острата логика.
Да не испадне дека само безвезе попувам, еве како мојата логика и здраворазум ми зборуваат:
Премиса 1: колата уз вожња се загрева *многу* побрзо отколку во лер. Уз вожња требаат неколку минути, у лер требаат неколку десетици минути. Значи, разлика во времето не е каква било разлика, туку огромна, од ред величини.
Премиса 2: деловите од моторот низ кои се пропагира пропулзијата се подмачкуваат за неколку секунди.
Премиса 3. доколку се вози внимателно и полека, деловите на кои се мисли во П2 се малку оптоварени.
Премиса 4. при својата работа моторот енергијата ја троши воглавно да се врти самиот себе, што значи дека некакво фиксно, паразитско оптоварување постои во секој случај (напр фрикцијата меѓу клипот и цилиндерот...), не е мало (напротив) и се јавува во подеднаква мера и кога колата се вози, и кога брмчи во лер.
Значи, доколку веќе моторот се аби додека работи ладен и доколку тоа абење со внимателно возење не се зголемува значително, тогаш зошто непотребно да го зголемувам времето во кое што работи ладен? Зошто загревањето да се оложува за она (долго) време кое што е потребно моторот да се загрее во лер?
Не се идиоти. Само таквите работи ги пишуваат од многу различни причини: најбитната е потрошувачката.
Не. Не е проблемот до потрошувачката, туку непотребното абење на моторот. Мене ми е нелогично ова што го зборуваш, искрено. Кога е моторот ладен ecu-то воопшто не штеди гориво, напротив фрла ко луд се со една цел - моторот ИТНО да се загрее.
Поздрав и немој многу при срце да си зимаш. Си праиме муабет.