Тргнувањето веднаш го измислија со еколошките правила. Се знае... палиш, саух, загреваш, па тргаш. Одсекогаш. Нема зошто модерниве машини да не го применуваат тоа правило (освен екологијата). Оптеретувањата (најмногу) на радилицата и на останатите делови се големи, а подмачкувањето не е доволно, маслото кога не е загреано не циркулира со потребната динамика. Бризгалките колку и да се трудат, кога е ладно возилото не можат да направат такво убаво распрснување на горивото како кога е моторот на РАБОТНА (намерно потенцирам) температура. Низ ладен издув потешко се движат издувните гасови, па и тој подобро работи кога е загреан...Маслото во менувачот е доста густо.. Барем 75W (ретки се колите како лада самара која имаше 10w-40 во менувач), па и тоа треба да се загрее како би провајдувало соодветно подмачкување..
Со стилото не беше толку страшна разлика, но со алфата 2 минути загревање ми ја намалуваат потрошувачката првите 3-4 километри од сабајле, а и побрзо префрлам на (еколошки) плин - покрај подобрата работа на целото возило (ем ми се одмрзнати стаклата). Така да НЕМА НИ ЕДЕН МЕХАНИЧКИ разлог (екологијата е прашање за себе), зошто е подобро да се тргне веднаш - поготово во зимски услови!