Се вратив од одмор, па да споделам импресии
Скопје - Врахос - Скопје (преку Битола) плус таму шетање (Парга, Превеза, Амудија и Алонаки бич) вкупно 1.168 километри. Просечна порошувачка (според бордот 7.6л/100км. Возев и на бензин и на плин (пола-пола) бензинот точно како по бордот, а плин околу 9л/100км.
Патот генерално добар, новата делница од Градско до Плетвар фина само на некои места ептен стеснето безпотебно и делува малку без врска. Во секој случај неспоредливо подобро од стариот пат.
Прилеп-Битола пола пат се вози по алтернтивен пат кој е во солидна состојба и е добро обележан така да не може да се утне правецот.
Меџитлија традиционално празен преминот, задржување само за формаалностите.
Патот низ Грција од граница до Кожани (приклучокот на Виа Егнатиа) солиден, поголемиот дел е автопат, само кај премините преку пругите малку оштетен па бара повеќе внимание.
Од Кожани до исклучувањето пред Игуменица на некои места посебно кај тунелите има градджни активности (на Google Maps се обележани) ама нема застој.
До Врахос има 500км и ги извоев за 6ипол саати. Тргнавме од Скопје во 4 сабајле, прво застанување на Лукоил пред граница за дополнување гориво, а пауза во Јанина околу пола саат за пазарење во Лидл. Во 12 по грчко време бевме во Врахос. Инсигнијата по пат топ, прв пат одам на подолг пат со неа, ниикаков замор не осетив. На поголеми угорници на плин си бара еден степен поиска брзина ама не смета плис бевме фул натоврени двајца возрасни и две деца.
Во смештајот имаше покриен паркиг така да не ја мислев колата (дали е на сонце, дали некој ке ја изгребе) што е голем раат. 😀

