Еве една слика и од upgade-от на багажниот простор.
Бидејќи плинскат боца е цилиндер (40 литри) и е вградена во товарниот простор, предноста е што резервната гума и отстанатите пропратни алати се на своетто место, ама маана е што ем грдо изглеа ем што и да ставиш во багажник ако мрда тропа на боцата, па тој звук знае да нервира дуре некогаш да извади од памет.
Затоа, делот кај што стои боцата го изолирав со теписон , т.е. текстилна патосница (ссоо гумирана позадина) за багажник (купена во Стокомак). За да ја фиксирам, по краевите од заднта страна ставив чичек трака која одлично се залепи за теписонот со кој е обложен целиот багажник.
Резултатот е подобр од очекуваниот.
https://imgur.com/a/PRkGvCJ