Автор Тема: Пробни таблички, сопатник и трошоци при купување на нова кола  (Прочитано 2353 пати)

Присутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Здраво на сите, ова ми е прва тема официјално (уште не сум се претставил ко шо треба, ама штедам на зборови, влашкото е појако во мене), лутајќи по форум, закони, контрадикторни информации, решив да ја отворам темава со следните прашања при купување на нова кола:

- пробни таблици за ново возило, се уште ли чинат околу 2800 денари?
- откако ќе се извадат пробни таблици, дали смее уште еден сопатник да се вози со мене (бидејки ќе се зема колата од Скопје, а ќе се носи во друг град)
- некаде прочитав дека се плаќало плус 2% данок за ново возило, некаде дека нема давачки плус од тој тип, кој дел е вистина?
- дали после земање на возилото, дополнително она шо треба да се плати е само регистрацијата? (ова е поврзано со претходново прашање)
- на технички, пошто е ново возило, не треба да се носи?

ова ќе ми е прва кола шо ќе ја земам нова, па сакам да се информирам со посовреме за да нема некаков проблем.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Мислам дека бо салон ќе ти ја објаснат целата процерура, или сеуште не си бил?

Присутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
директно во салон не сум прашал, од претставник добив само инфо дека околу 20 000 ден ќе треба само да се плати за регистрирање, плус 2800 ден одприлика за пробни, ама ова е само во еден салон, така да не сум 100% сигурен дали е само тоа или има и нешто друго

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Пробни се 1800ден


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Многу побитно од пробни таблици е да ти дадат барем 5л гориво за до прва бензинска. Посочи им го ова, бидејќи некои салони буквално со 1л гориво ги предаваат колите.

На примопредавање немој да брзаш од возбуда, туку детално и  сталожено прегледај ја колата и надворешно и внатрешно.

Пробните таблици ќе ги решиш лесно.

Присутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Многу побитно од пробни таблици е да ти дадат барем 5л гориво за до прва бензинска. Посочи им го ова, бидејќи некои салони буквално со 1л гориво ги предаваат колите.

На примопредавање немој да брзаш од возбуда, туку детално и  сталожено прегледај ја колата и надворешно и внатрешно.

Пробните таблици ќе ги решиш лесно.

ќе го имам и ова на ум. дали би знаел за другите прашања шо се во првиот пост?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
- Не се сеќавам колку ги платив пробните таблички.
- Пробните таблички важат 5 дена. Некаде прочитав дека има некакви ограничувања, ама јас ја возев мојата кола неколку дена со пробни таблички, се возеа и други луѓе со мене. Да куцнам у дрво, не ме застана полиција да ми прави некој проблем. Мислам дека не би требало да ти прават проблем.
- Не сум видел нешто за дополнителни 2% данок.
- Дополнително по земање возилото имаш:
   - Осигурување. Самиот одбираш дали сакаш само задолжително осигурување или сакаш и Каско. Ако купуваш нова кола, препорачувам Каско, барем првите 2-3 години.
   - Даноци-маноци за патишта, издавање сообраќајна дозвола, итн.
   - Мислам дека си ослободен од технички преглед.
- Секако дека треба на технички, односно во некој центар за технички преглед. Таму ќе ти издадат сообраќајна, таблички, итн. Нема да го платиш само техничкиот преглед, бидејќи нема да има потреба да го правиш. Чини меѓу 1000 и 1500 денари.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Ако имаш некој пријател од АМСМ или ПСС нема да треба да ја носиш на технички бидејќи е нова кола. Во никаков ризик не се ставени ако ти излезат во пресрет.  Мене ми дадоа од салонот една папка со документи, не ја однесов на технички туку само отидов со документите,  поминав со картица и се вратив во салон со таблици.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Ако имаш некој пријател од АМСМ или ПСС нема да треба да ја носиш на технички бидејќи е нова кола. Во никаков ризик не се ставени ако ти излезат во пресрет.  Мене ми дадоа од салонот една папка со документи, не ја однесов на технички туку само отидов со документите,  поминав со картица и се вратив во салон со таблици.

И без пријател е истата процедура. И на мене ми дадоа папка отидов во псс на шалтер да регистрирам ново возило, ми честитаа средија документи ми дадоа таблици се вратив во салон ги монтиравме и си тргнав дома.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Да, секако и тоа е опција. Уште подобро, оди и заврши работа пред да ја земеш колата од салон, па во салон намести си ги табличките и терај. Избегнувај (или гледај да минимизираш) било какво возење без (макар и привремени) таблички и осигурување.

Присутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
тука само да ви нагласам дека не сум од Скопје, па не сум сигурен дали ако отидам во амсм кај на пример бугарска амбасада, дали одма ќе ми дадат таблици за друг град (охрид)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
- некаде прочитав дека се плаќало плус 2% данок за ново возило, некаде дека нема давачки плус од тој тип, кој дел е вистина?
- дали после земање на возилото, дополнително она шо треба да се плати е само регистрацијата? (ова е поврзано со претходново прашање)
- на технички, пошто е ново возило, не треба да се носи?

Нова кола ја плаќаш во салонот, колку што си се договорил. Во таа цена се вклучени сите трошоци (цена, ддв, царина, акциза...). При регистрација немаш дополнителни давачки од тој тип.

На технички преглед одиш со документите од салонот, колата те чека во салонот. На технички одма добиваш таблици, сообраќајна, регистрација. Јас така направив. Од технички ги однесов таблиците во салонот, ми ги монтираа. Од таму на прва бензиска (порше штедат на гориво, колата работеше на пареа само), од бензиска одма дома. Дома заради безбедност, осигурувањето важи од нареден ден, не важи за дента кога ја земам колата од салон, т.е. за дента кога е склучено осигурувањето...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
тука само да ви нагласам дека не сум од Скопје, па не сум сигурен дали ако отидам во амсм кај на пример бугарска амбасада, дали одма ќе ми дадат таблици за друг град (охрид)

Во Скопје, колку што знам, не даваат таблици од друг град. Така да како што спомна, опција ти е пробни или еден круг до Охрид со документите, а нареден ден да си се вратиш во Скопје и да си ја земиш колата од салон
, таман со валидно осигурување, комплет со се
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
тука само да ви нагласам дека не сум од Скопје, па не сум сигурен дали ако отидам во амсм кај на пример бугарска амбасада, дали одма ќе ми дадат таблици за друг град (охрид)

Нема, таблици мора да ти издадат во градот во кој ја регистрираш. Најдобра опција ти се пробни таблици кои како што рекоа важат 5 дена и мислам дека јас ко ја зедов М2ката платив 1500 +- некоја стотка. Законски не смее никој друг да се вози во возилото затоа што осигурување имаш само за тебе, не за патници. Е сеа јас со пробни таблици во 335ката ја возев мајка ми накај Кичево, имаше полиција на пат не ме ни застанаа, не верувам дека ќе ти направат проблем ама само да знаеш дека ако сакаат, можат.

Присутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Или опција е, секако ако сакаат од салон да ги пратат документите до охрид да не правам два круга до скопје и назад... Ма да чисто сумњам дека ќе го направат то