Здраво на сите, ова ми е прва тема официјално (уште не сум се претставил ко шо треба, ама штедам на зборови, влашкото е појако во мене), лутајќи по форум, закони, контрадикторни информации, решив да ја отворам темава со следните прашања при купување на нова кола:
- пробни таблици за ново возило, се уште ли чинат околу 2800 денари?
- откако ќе се извадат пробни таблици, дали смее уште еден сопатник да се вози со мене (бидејки ќе се зема колата од Скопје, а ќе се носи во друг град)
- некаде прочитав дека се плаќало плус 2% данок за ново возило, некаде дека нема давачки плус од тој тип, кој дел е вистина?
- дали после земање на возилото, дополнително она шо треба да се плати е само регистрацијата? (ова е поврзано со претходново прашање)
- на технички, пошто е ново возило, не треба да се носи?
ова ќе ми е прва кола шо ќе ја земам нова, па сакам да се информирам со посовреме за да нема некаков проблем.