А исто ќе се дрзнам и да посочам реални слики за реалноста:
-
@marjanot израсна 3 деца во коли кои му правеа кеиф - Giulietta QV, BMW 430i.
-
@Simo - Carrier159 израсна две деца носејќи ги насекаде со коли со две врати кои му правеа кеиф - Fiat Stilo, Alfa 147, Alfa MiTo со 155 коњи. Коли за патување му беа Alfa 166 и 159, бензинци.
-
@miksi вози деца во 250+ коњски седани, иако можеше да вози SUV за истите пари.
-
@GixxerMKD имаше предизвик да избере возило што ќе собере детски седишта на задна клупа - избра некое чудовиште од BMW X5 иако за истите пари можеше да го купи истиот модел, дизел, веројатно и нов од салон.
Реалноста е онаква каква што ќе си ја креираш ти - луѓето на кои автомобилот им има фундаментално значење во животот верувам бираат да возат она што им прави кеиф - секако според можностите.
Сепак, темата на муабет тука беше друга, па да искористам пост да му помогнам на членот:
Мазда во клима како што владее во DACH регион брзо може да се претвори во шумеча таблета.
Затоа, задржи се на 1.4 TSI мотор кој нема да мораш да го ремапираш (согласно твоите потреби за што помало замарање околу колата), вграден во било која шасија (Голф, Октавија, Леон, тоа ти бирај си).
Ако можеш, барај примерок кој има 20-30 илјади повеќе поминато, но има подобра опрема. Колите од таа декада па наваму се доволно добро склопени да може да ги експлоатираш 15тина години без нешто сериозно да се деси со мотор и менувач.