Мислењето од пред некој ден, го префрлам во посебна тема, пошто може да му се најде и на некој друг кој е во слична ситуација како мојата.
Значи како истражувам по yt, net итн, така ми се смалува изборот на кандидат(ка) за следна кола

. Потребите се за 6-8000 км годишно (не повеќе од 10к),
претежно град и меѓуградски во МК и ете еден одмор странство еднаш годишно.
2 деца под 10 год. Моментално со Пежо 207 караван 1.6 хди 110кс. Изборот го сведувам засега на (по ранг од прв кон последен избор):
1. Aстра J хеч (1.6 атмо бензин или 1.4 турбо) - ова во DE може да се најде за околу 4-5000 еур, 2012 - 2015 год
2. Голф 7 (1.2 tsi или 1.4 tsi) - 5000+ еур vo DE, 2013+ (со каиш наместо ланче)
3. Мазда 3 мк2 (1.6 атмо) - 4000-5000 еур во DE, 2010 - 2013 год
4. Октавија со исти детали како точка 3 ама гледам поретко ги има споредено со другиве.
---------------------------------------
Генерално не сум за дизел (пак) али како дизел варијанта единствено би гледал и сакал Фокус мк3
со 1.6 или 1.5 хди (овие мислам се без AdBlue). Цените одат исто како и бензинците погоре, со тоа што за исти пари, Фокус може
да се најде и понов од 2015. И Фокус е единствена кола од сите наведени која ми се допаѓа и како караван.
Хонда не би гледал, ми е ужасно грда тие години иако знам дека се бр 1 избор за бензинци. Тојота реално би била најпрв избор
ама цената многу забегува. Се движат 8000+ за 2013та и нагоре.
Киа Ceed и Hyundai i30 се слични со цени од 2014+ ама нивниот атмо бензин е 1.4, се плашам да не ми е преслаба.
Какви се Меган 1.6 атмо и 1.4 Tce?
Што би одбрале според овие параметри и досегашни искуства?