Автор Тема: Мал Сервис - онлајн продавница за масла и филтри  (Прочитано 1313 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
Здраво дечки и девојки. Сакам да ви ја претставам нашата нова онлајн продавница специјализирана за мал сервис која го носи тоа име - Мал Сервис. Нудиме авто масла, филтри и адитиви. На нашата веб страна можете да ги пронајдете сите филтри за вашиот автомобил. Потребно е само да го изберете точниот модел на вашиот автомобил и филтрите ќе ви се прикажат. Гледавме да ги опфатиме сите филтри за автомобили произведени до ~2020 година со оглед дека поновите автомобили се под гаранција.

Сеуште сме во процес на додавање на филтри, па може да се случи некој филтер за вашиот автомобил да не се прикаже. Во тој случај пишете ми тука и ќе ви кажам достапност и цена. Исто така во моментов не ни се додадени сите автомобили (најчесто јапонски возила), а за кои имаме филтри на лагер.

За форумџии цените ќе бидат поразлични од цените на сајтот, освен ако производот е на акција. Најдобро пишете ми во порака и ќе ви кажам цена. Исто така, доколку за некој филтер сакате друг бренд кој го немаме на веб сајтот, пишете ми и ќе ви кажам за достапност и цена.

Моментално немаме можност за плаќање со картичка, но имаме план да го воведиме и тоа наредниов период.

За нарачки од форумџии над 1500 денари кои се од Скопје или Прилеп, нудиме бесплатно читање и бришње на грешки ИЛИ програмирање/синхронизирање на TPMS сензори. Уредот за дијагностика кој го користиме е Autel кој моментално ги поддржува автомобилите до 2022 година. Најчесто се поврзува со сите автомобили што сме пробале досега и комуницира со голем број на модули. Во однос на програмирањето TPMS сензори користиме исто Autel уред, но тој не ми е испробан на поголем број автомобили. Пожелно е кога ќе ви ја вршиме доставата, автомобилот на кој би сакале да направиме дијагностика да биде тука и дијагностиката да биде извршена тогаш (за Прилеп по договор).

За форумџии, цената на доставата во Скопје за нарачки над 1500 денари е бесплатна (под тоа се доплаќа 130 денари или по договор), а за другите градови е бесплатна за нарачки над 3500 денари (под тоа се наплаќа 180 денари).

Со оглед дека магацинот ни е во Скопје, порачките во Скопје ќе бидат доставени истиот ден. За другите градови ќе ги испратиме истиот ден по карго, а кај вас би стигнале наредниот ден.

Сите забелешки, совети, пофалби и критики се добредојдени и може да ми ги кажете тука или во порака, сѐ со цел да го подобриме искуството при одбирање и купување на масло и филтри.

Линк до продавницата - https://malservis.mk/

Може да не заследите на:
  Instagram - https://www.instagram.com/malservis.mk/
  Facebook - https://www.facebook.com/profile.php?id=61575622274790

Контакт:
contact@malservis.mk
моб: 074 22 95 95
« Последно менување: 19 Мај 2025, 13:46:46 pm Silvester »

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 345
Не функционира филтерот на веб страната.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
@Volvo

Преку полето за пребарување се прикажуваат само масла и адитиви.

За да се пребараат филтри, потребно е да се појди на Филтри => Сите филтри (или ако сакаш може да избереш само конкретен филтер) и таму да се одбери точниот модел на кола. Тука ќе се прикажат филтрите за таа кола.

Ако и вака не функционира, те молам пиши ми во пп за кој автомобил проба да пребаруваш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29935
    • CARclub.mk
Со среќа! :)

Едитирај го постот и додади линк до сајтот. Си ставил линк до фејсбук и инстаграм, ама не и до сајтот. :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 341
  • Macedonia
Со среќа нека е.

Баш и јас се чудев има фб и инстаграм, а нема веб страна во објавата, нема на секој да му текне да го погледне доменот на меилот.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 89
Совет за сајтот - кога ќе внесеш кола/мотор во Филтерот за пребарување, да ти биде зачуван кога ќе отвориш друга страна. Пример внесувам кола во Филтри за Масло, да биде зачувана истата кола кога ќе посетам Фитлри за Гориво. За да не внесувам повеќе пати истото

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3918
Совет за сајтот - кога ќе внесеш кола/мотор во Филтерот за пребарување, да ти биде зачуван кога ќе отвориш друга страна. Пример внесувам кола во Филтри за Масло, да биде зачувана истата кола кога ќе посетам Фитлри за Гориво. За да не внесувам повеќе пати истото

Одбери сите филтри, и ќе ти ги даде сите за тоа возило.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 102
Со среќа нека е!

Ми се допаѓа сајтот, не е натрупан со се и сешто. Нудиме тоа и тоа, повелете.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
Фала на сите, само со добро да се враќа.

@zeroSignal ставено, сум го промашил тој момент :)

@Lone може да направиш како што ти пиша Skywalker, но ќе го имаме во план и тоа да се среди, делува како подобар UX.

@Fizzbuzz таков и сакав да биде сајтот, "почист" и попрегледен, значи сме го постигнале тоа :).

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3214
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
so sreka zaprateno i na insta

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 345
@Volvo

Преку полето за пребарување се прикажуваат само масла и адитиви.

За да се пребараат филтри, потребно е да се појди на Филтри => Сите филтри (или ако сакаш може да избереш само конкретен филтер) и таму да се одбери точниот модел на кола. Тука ќе се прикажат филтрите за таа кола.

Ако и вака не функционира, те молам пиши ми во пп за кој автомобил проба да пребаруваш.


Така одам, внесувам се, ама не се појавува ниту еден артикал.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
  • Шо да пишам тука?🤔
Со среќа.

Единствено имам забелешка за цените на маслата од Shell (особено на Shell Helix Ultra 5W40 кое е евтино во светот, со цена испод 30€ за 4л), другите не ни ги следам, а ниту пак обрнав внимание.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3110
Со среќа нека е.

Subaru јокбурда!

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
@nestor04 Фала. Засега цените на сајтот за Шел ќе бидат тие. Но како што пишав во првиот пост, за форумџии цената е друга (за шел посебно ;) )

@smole Фала, Субару ќе додадеме во текот на оваа и наредната недела (и општо за јапонски коли).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34225
  • Таков е животот... јебига
(за шел посебно ;)

Шо така? Да не е фалсификат?