Здраво дечки и девојки. Сакам да ви ја претставам нашата нова онлајн продавница специјализирана за мал сервис која го носи тоа име - Мал Сервис. Нудиме авто масла, филтри и адитиви. На нашата веб страна можете да ги пронајдете сите филтри за вашиот автомобил. Потребно е само да го изберете точниот модел на вашиот автомобил и филтрите ќе ви се прикажат. Гледавме да ги опфатиме сите филтри за автомобили произведени до ~2020 година со оглед дека поновите автомобили се под гаранција.
Сеуште сме во процес на додавање на филтри, па може да се случи некој филтер за вашиот автомобил да не се прикаже. Во тој случај пишете ми тука и ќе ви кажам достапност и цена. Исто така во моментов не ни се додадени сите автомобили (најчесто јапонски возила), а за кои имаме филтри на лагер.
За форумџии цените ќе бидат поразлични од цените на сајтот, освен ако производот е на акција. Најдобро пишете ми во порака и ќе ви кажам цена. Исто така, доколку за некој филтер сакате друг бренд кој го немаме на веб сајтот, пишете ми и ќе ви кажам за достапност и цена.
Моментално немаме можност за плаќање со картичка, но имаме план да го воведиме и тоа наредниов период.
За нарачки од форумџии над 1500 денари кои се од Скопје или Прилеп, нудиме бесплатно читање и бришње на грешки ИЛИ програмирање/синхронизирање на TPMS сензори. Уредот за дијагностика кој го користиме е Autel кој моментално ги поддржува автомобилите до 2022 година. Најчесто се поврзува со сите автомобили што сме пробале досега и комуницира со голем број на модули. Во однос на програмирањето TPMS сензори користиме исто Autel уред, но тој не ми е испробан на поголем број автомобили. Пожелно е кога ќе ви ја вршиме доставата, автомобилот на кој би сакале да направиме дијагностика да биде тука и дијагностиката да биде извршена тогаш (за Прилеп по договор).
За форумџии, цената на доставата во Скопје за нарачки над 1500 денари е бесплатна (под тоа се доплаќа 130 денари или по договор), а за другите градови е бесплатна за нарачки над 3500 денари (под тоа се наплаќа 180 денари).
Со оглед дека магацинот ни е во Скопје, порачките во Скопје ќе бидат доставени истиот ден. За другите градови ќе ги испратиме истиот ден по карго, а кај вас би стигнале наредниот ден.
Сите забелешки, совети, пофалби и критики се добредојдени и може да ми ги кажете тука или во порака, сѐ со цел да го подобриме искуството при одбирање и купување на масло и филтри.
Линк до продавницата -
https://malservis.mk/Може да не заследите на:
Instagram -
https://www.instagram.com/malservis.mk/ Facebook -
https://www.facebook.com/profile.php?id=61575622274790Контакт:
contact@malservis.mk
моб: 074 22 95 95