Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport  (Прочитано 4389 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #60 на: 10 Мај 2025, 15:36:17 pm »
На автомобилски форум се потсмевате на човек што повеќе од прописно си ја одржувал колата и на која никогаш не е штедено.
Не знам дали е љубомора, завист, тролање или капацитетот е тој.

Абе извини, кој од нас тука на форумов не одржува кола по пропис? 

Тоа што другите не се педантни сметководители до денар да пишуваат за секое делче и болдирана километража во постот не значи дека не ги одржуваат колите.

На автомоблиски форум паѓате у несвест за астра класик 1.4 2008 (моделска 98ма) со 160.000км  ;D

Никој не го спори одржувањето и состојбата на колата, само искоментиравме дека е тешко да се продаде за 4.300€. 

И ако е толку добра ултра топ понуда за таа цена, зашто темава нема клуч?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #61 на: 10 Мај 2025, 15:44:51 pm »

kapa simnuvam za moabetov. Eve i jas kje se povlecam so komentari vo temava. Sve e kazano nema sto ponataka ostanuva samo da se prodade autoto.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #62 на: 10 Мај 2025, 15:50:24 pm »
И да учиме од него како се одржува кола, очигледно нашите се неодржувани, затоа што не се перени кај резервното тркало  :) Алфата мора да ми е спремна за во секој момент да тргнам за Македонија 1700 километри,  за арно за лошо недај боже, можиш да претпоставувиш дали е одржувана или не. Дај преместете ги муабетите, да не му расипуваме пазар.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #63 на: 10 Мај 2025, 17:34:00 pm »
Ај сеа вака - и да ја затвориме дискусијава.

Цената на возилото е 4.000 евра, не 4.300. Неисе, не е важно. Намерата со цената 4.300 ми беше тој што ќе ја земе колата, буквално да биде како мене - става бензин и вози, ја пере, чисти, менува уље и филтри на 5-10.000 километри, дошло 15.11. - става зимски гуми и гумени патосници, дошло 15.03. - става летни гуми и платнени патосници и буквално си вози КОЛА.

Ако нејќе така, сака само кола, бујрум, не е цената 4.300 евра. По телефон не спуштам ни евро, на сите им викам - дојди, види, ќе ти образложам што имам, провози, па ти ќе ми кажеш дали РЕАЛНО треба да спуштам цена, или сакаш да се пазариме. Отворен сум за дискусија.

Целта на методолошкото одржување е - моја мирна глава, таков човек сум и се палам на такви ствари, едноставно уживам во тоа. Но, и те како ќе го искористам како аргумент за повисока цена, затоа што - на крајот на денот, колава е гледана како дете и е во подобра состојба од 99%, ако не и од 100% од половните возила во државава, без разлика дали тие возила се на продажба или не, без разлика дали се понови од оваа или не. НИКОЈ, АМА БАШ НИКОЈ не одржува кола како мене, ниту механички, а уште помалку - за естетика и хигиена не ни правам муабет, таква будала и болесник педантерија како мене не сте сретнале, ниту виделе. Јас знам колку труд, нерви, пари и пот сум вложил во колава.

Понатаму. Реклама5 го сметам како најраспространет пазар за половни возила. Ставете слободно филтер возила произведени по 2008-ма година, бензин, во распон цена од 3.000 до 4.000 евра.

Еве што избор има на нашиов беден пазар за таа цена, првите две страни...

Мерива, Пунто Класик, Ц1, Ајго, Сандеро, Авео, Ц3, Фабиа, Твинго, Гетз, Клио, Ибица, И10, Панда, Фиеста, Ка, 207, Алто, Голф 5, Колт, Поло, Микра, Корса, Џез.

Ниту една од оваа кола не е подобра кола од Астра Класик - или е помала, или е со три врати, или нема гепек, или има 200.000+ километри, од увоз е, трет, четврт сопственик, вратени километражи, шминкани по удеси, нерегистрирани... И којзнае уште што не.

А СИГУРЕН СУМ ДЕКА НИТУ ЕДНА ОД ОВИЕ КОЛИ НЕ Е ПОДОБРО ОДРЖУВАНА ОД КОЛАТА - ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА. НИТУ ЕДНА НЕ НУДИ ПОТПОЛН ПАКЕТ ДОДАТОЦИ СО НЕА, без разлика дали потенцијалниот купувач ги сака или не.

Колава, по таа цена, е во фантастичина состојба надворешно, фантастична состојба внатрешно, секој систем функционира исто како day one, има регистрација уште четири месеци, зелен картон, Oryx Европа, позната историја и од удеси само гребаници на паркинг, кои се ВЕДНАШ санирани по дешавка.

Е сега, тоа што некој пати од комплекси дека е Астра модел 98-ма, тоа е друг муабет. За АВТОМОБИЛ, ВО ВОЗНА СОСТОЈБА, односно во БЕСПРЕКОРНА СОСТОЈБА, кој сака нека дојде, па нека најде забелешка. ГРАТИС ЌЕ МУ ЈА ДАДАМ.

Еве, тие што ми посакаа среќа при продажбата, да ги разберам - колегијално е, имаат добри намери, гледаат дека колата РЕАЛНО не се споредува со НИШТО што се продава во државичкава во тој ценовен ранг... ОК.

Вие, што потценувате и што се правите големи експерти од автомобилско-економската област и пазарна економија, ШТО ВИ Е ЦЕЛТА? Вие барате возило да купите? Не. ШТО КУР давате оцени дали е скапо, позлатено или не знам какво? Гледаш, ако не ти треба кола - JUST MOVE ON, рипни го постот.

Толку е зависта голема? Знам, сите останати на форумов (со чест на исклучоци) САМО САКАТЕ ДА ОДРЖУВАТЕ ВАКА КОЛА, сите само сакате колите да ви се во состојба како мојата, но и знаете сами дека тоа не е така од причина што не сте способни за тоа од разноразни причини, боли и ај сеа ќе сереме во темава. ОК, нека ви стои. Нека стојат сите постови, нека не се бришат.

Никогаш нема да бидете на тоа ниво. Токму од тие причини, и како што кажав - само јас знам колку љубов е вложена во колава, нема да дозволам квази-познавачи, плукачи и ликови што не ни знаеме што возат да ми кажуваат што-колку вреди, а со тоа и мојот труд и мојот влог да го доведуваат во прашање.

Да, може и треба да учите од мене како се одржува кола. Сте сониле што е "одржување по пропис". "Прописно одржување" ви е да однесете кола на сервис кога ќе се сјебе нешто или ако ви текне уље да смените. Глупо е да водиш евиденција, така е. Колата не е ултра топ понуда за цената, ултра топ понуда ЗА КОЛА е, а цената е повисока затоа што исклучиво ѓубре се продава на нашиов пазар и луѓето изгубија сенс што е добро возило, а што не, комплекси ги мава сите за премиум да возат, и на крај краева - македончето сака да го лажеш, да го сјебеш, да го поебеш и сака да дреме по сервиси. Со 50 евра хемии или хемиско, само маскираш гнаса, не отстрануваш, но типично македонската е таа. Екстра перењето во секое ќоше е само показател за начинот на кој е третирано возилото - мислиш дека ми е побитно да е чисто, отколку технички исправно? Не, туку ако за хигиената сум таков, за механика сум бетер. Велес и Неа Пори сте биле најдолга релација, па ми попувате за исправна состојба. Донесете ја таа румунската со 75.000, ќе ја ставиме една до друга со мојата. На 15.000 не била во состојба како мојата на 160.000. Или па, кога ќе си дојдете од Германија тука гуми да смените, или сервис да направите, таму скапо е? Дај да видиме што возите, како одржувате? Вие најдовте да кажете?

Колата ќе се продаде, не берете гајле, јас не се брзам. Позади добар коњ - прашина се дига. Вратете се назад и видете друг оглас за кола што наполнила 5+ страни постови. Со среќа потрагата и фала ви на доприносот.
« Последно менување: 10 Мај 2025, 18:05:53 pm Diesel »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #64 на: 10 Мај 2025, 17:42:46 pm »
Јас само да прашам,арни сте бе? ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #65 на: 10 Мај 2025, 18:11:47 pm »
Mislam deka mu olesni na covekot. Vaka ni pred pop u crkva ne se ispoveduvale ;)
So srekja prodazbata

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #66 на: 10 Мај 2025, 18:24:33 pm »
На автомобилски форум се потсмевате на човек што повеќе од прописно си ја одржувал колата и на која никогаш не е штедено.
Не знам дали е љубомора, завист, тролање или капацитетот е тој.

Абе извини, кој од нас тука на форумов не одржува кола по пропис? 

Тоа што другите не се педантни сметководители до денар да пишуваат за секое делче и болдирана километража во постот не значи дека не ги одржуваат колите.

На автомоблиски форум паѓате у несвест за астра класик 1.4 2008 (моделска 98ма) со 160.000км  ;D

Никој не го спори одржувањето и состојбата на колата, само искоментиравме дека е тешко да се продаде за 4.300€. 

И ако е толку добра ултра топ понуда за таа цена, зашто темава нема клуч?

А бе друже. Ти очигледно не си купувал половна кола со скромен буџет.
 Постот ми беше за коментарите и релативизарењето на одличното одржување на колата, не за цената. Јас си кажав дека си вреди за 4000. За тие пари и историјата на автомобилот, за мене е одлична понуда.
 Се извинувам што не сум истакнат член со Астра х 1.4 twinport (одамна го нема, се надевам се е во ред со него) и сите да ми симињате  капа за тие еден куп адитиви, масла, чипови...
Премногу лично сваќате некои некои работи непрозвани.

А за тие со купени премиум возила и за помала сума, немам коментар

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #67 на: 10 Мај 2025, 18:33:53 pm »
Збора за прописно одржување и вреѓа, а вози LAUFEN гуми, ај важи, терај магарето.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #68 на: 10 Мај 2025, 18:42:37 pm »
Хаха... Шо?

Овде ќе видиме дали одржување се исплати при продажба, за жал 99% нема да ги земи тие пари, колку и да е одржувана. Од истата причина и јас не ја имам уште продадено мојата, за мене вреди повеќе од реалната нејзина цена на пазарот, ама тоа за мене, за купувачите не.

Збора и вреѓа? Јас?

Вреѓа само вистината, батино.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #69 на: 10 Мај 2025, 19:25:21 pm »
Збора за прописно одржување и вреѓа, а вози LAUFEN гуми, ај важи, терај магарето.

Викаш, ако не се Мишелин, уљето не е редовно менувано? Каква врска има брендот на гумите со механиката?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #70 на: 10 Мај 2025, 19:34:37 pm »
После сите овие муабети, јас само да прашам од проценителите - дали мојата кола вреди 2000€?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #71 на: 10 Мај 2025, 19:35:33 pm »
Збора за прописно одржување и вреѓа, а вози LAUFEN гуми, ај важи, терај магарето.

Викаш, ако не се Мишелин, уљето не е редовно менувано? Каква врска има брендот на гумите со механиката?
Не, вика дека е одржувано, сам знае, па после вика дека не е нешто посебно - како и сите други било, за на крај да не е одржувано.

Go figure.

После сите овие муабети, јас само да прашам од проценителите - дали мојата кола вреди 2000€?

2.000? Уште не ти е фрлена во отпад?

How dare you?

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #72 на: 10 Мај 2025, 19:42:01 pm »
После сите овие муабети, јас само да прашам од проценителите - дали мојата кола вреди 2000€?

Па ако некој ти понуди 2000€, можеш да им понудиш и бесплатен курс за опелот , како да се соочат со нивниот избор во животот :D

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #73 на: 10 Мај 2025, 19:57:47 pm »
Супер ти е Опелчето, друже, домаќински си го одржувал без збор. Кој што сака, нека збори, тоа си е твое  какво ти е, такво е. На кого му е многу, нека купува увезени кршеви и нека чисти авто-плацеви. До тој буџет, микро-процент е вакво количе да се најде во тоа што имаш направено за него. Домаќин човек си, домаќин! Они ќе удрат на апарати и на рулет, фаворити да маваат, мала серија, зеро шпил, орфани... горе-долу толку им е – едно вртење (вашите влогови, ве молам) а ваму им е скапо 4к за одржувано домаќинско Опелче. Нек се возат по автобуси и нека патуваат со воз од Гевгелија до Скопје 4 дена... Не попуштај! Ова е златна кокошка што имаш.
Среќно.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport
« Одговори #74 на: 10 Мај 2025, 20:37:55 pm »
Го изругавте сите дека му е скапа колата, а кога ќе дојде време вие да ја продавате вашата, да не ќе имате иста цена со кантите од пазар3 и реклама5 или ќе ви биде значително поскапа цената? :D

Да стои темава и да не се бришат постовите, за во иднина истиве луѓе кога ќе си ги продаваат колите и јаделе гомна за цена, да видиме дали и нивната цена ќе биде иста со пазар3 или ќе биде многу поскапа