Преговорите околу купување не се само пазарење, туку и вештина
Многу работи во преговорите зависат од тоа како се поставуваат купувачот и продавачот. Да, до некаде има и емоции во игра, но клучот е во приодот и комуникацијата. Некој што има добри вештини ќе ти продаде и камен ако треба, ќе го завитка убаво и ќе те убеди дека ти треба. 😊
Во превод, ако е добар, ќе му ја извади максимум цената на автото продавачот.
Исто така, има и луѓе што едноставно не се снаоѓаат во преговори, немаат трпение или желба да влезат во таа “игра”. Таквите полесно попуштаат и ја даваат колата под реална вредност. Затоа не е чудно што некој што знае да преговара – ќе помине многу подобро.
Сè си е до тоа кој како ќе се постави.