Новиот акомулатор преку два дена напонот му падна на 6.5в неможеше ни контакт да се пушти (претходно стоела и незапалена по подолго никогаш ваков проблем немала).
Од продавница го зедоја на испитвање ми дадоја заменски во меѓувреме ама ме убедват дека трга нешто струја.
Полнењето проверено со клима пуштена 13.8в, без клима 14.2в
Со унимер проверено колку ампери троши со отчачен минис и сите потрошувачи исклучени покажва 0.02/3 A , ќе видиме со заменскиот како ќе е а понеделник се тргнува за грција 
Само да ти споделам мое да не речам исто, ама слично искуство.
2023та кога го менував менувачот во Дерби, откако ја земав колава некако едвај запали, светеа сите сијалички, побарав по интернет вели акумулаторот е при крај.
Ајде на целиот трошок, велам го заокружувам денов со акумулатор и тоа е тоа.
Беше петок, го менувам акумулаторот, доага понеделник, значи 2 дена колава не е запалена, давам контакт свети све, тамам да заверглам умира, толку ништо не се случува.
Велам уште ова ми фалеше.
Успеавме некако со кабли да ја запалиме колава и знам кај таткоми на работа имаат прилично јак полнач, стигам, ја гасам, ај да пробам пак, мртво, ништо не се случува.
На крај искочи минус клемата лабава, само ја притегнавме и еве 2 ипол години подоцна немам проблеми.
Земи си од Тему онакви тестери за акумулатор, по 1000 денари се, еве баш пред некое време го тестирав, после 2 години користење тестерот вели на 85% од капацитетот е.