Време е за нова тема. 147циата си замина, дојде принова во семејството и потреба за поголема кола.
Како шо кажва насловот 159 караван произведена во 2007 2.4 200кс и то шо барав посебно без точка корозија на неа.
Видов многу низ огласи во Мк од дупло поскапи од оваа шо ја зедов до поевтини или иста цена и можам да кажам дека ретко се наоѓа здрава алфа (ваљда си ги чуват не ги огласват убајте)
Од опрема поседува:
- кожен ентериер
- греачи на седишта
- фабрички ксенон
- сензор за дожд ( уште салам не можам да чактисам како работи)
- hill hold assist многу паметна работа
- паркинг сензори (не работат 2 моментално)
- само затемнувачки ретровизор, етц....









Уште пред да ја купам знаев се шо е за сервисирање па си почнав се по ред.
Сменети амортизери на багажник, реле за греачи ,не работеше потенциометарот на радиото за глас поправено за 400 ден не знам како не го нервираше претхониот газда иначе има фабричко усб радиото и сега од нигде никаде почна да ме нервира да не можам песна да сменам
Направен мал и голем сервис промена на масло во менувач промена на серво црево шо му е на многу 159ки мана и промена на серво течност.



Променети се комплет предни задни дискови со плочки и глицерин.
Предните дискови и плочки истрошени до максимум, задните имаја уште за возење ама ај реков ке менвам се од аутодок имаја некој попусти убај и ги зедов комплет.

На 147 ката промената одеше лесно овде позаебано, шрафојте запечени престегани, штифните шо ги држат предните плочки запечени и пошто се виткаја мораше да ги сечам па да ги избивам, па прчот да порачва нови да ги чекаме неколку дена и за то време ги исфарбав барем клештите




Разлика во возење и во цени за одржавање спрема 147 ката огромна, 159 ката не ѓи осеќа нерамнините и дупките, за низ град и паркирање потешка за возење ама зато на отворено си ја брка работата.
Засега то е то ќе видиме во иднина како ќе си ја брка работата
