Први впечатоци од колата.
Не дека се убедувам сам себе, ама стварно повеќе ми се свиѓа без џиновски телевизор внатре. Условно малиот екран е сосема доволен. На некои јутуб ревјуа што гледав, негативно се произнесуваа за навигацијата, ама јас не гледам што е негативното. Дури и подобра ми личи од онаа што ја имав на Супербот (Амундсен, не најдобрата). Истото важи и за паркирната камера со тоа што можеле сликата да ја распространат по целиот екран а не само пола.
Седиштата за мене идеални. Позицијата на седење за мене е идеална. Подесувања во секој правец и има подесување по ширина што мене ми значи зошто можам да влезам во нив а не да ги стискам. Баш се и удобни и држат одлично. Кожата сега за сега личи ок и е мат црвена. Се надевам со адекватна заштита нема да станат онакви сјајни.
Возењето е... не ни знам како да опишам. Ќе пробам со неколку слогови: ЛУ ДИ ЛО. Работи телепатски, мислам дека и лаик по возење ќе си игра со колава како сака. Ова нешто прави да и ги простиш сите маани и пропусти. И покрај панорамскиот кров, цврста е камен.
Мотор, ОК. Не сум очаран до даске меѓутоа е повеќе од што очекував. За жал нема вистински launch control меѓутоа можеш со кочница да направиш preload и трга речиси како да има.
Мењач мислам дека е подобар од DSG. Ситници се у прашање ама мислам подобар а и побрз за чудо, поготово во Dynamic мод. Кога сме кај модовите ми се допаѓа дека разликите се големи. Волан, суспензија, мотор, мењач, се е различно скоро како друг погон да имаш. За разлика, кај супербот многу помали разлики имаше Sport/Normal.
Кочници одлични со тоа што за да кочи јако треба поголема сила. Ептен спортски подесени и многу добро за дозирање. Мене ми се по ќеф ама не сум сигурен дека на широка маса би им било вака ок. На пример се навикав вака и прво влагање у камикот, прво кочење се залепив у шофершајбна.
Звук, не знам, не ми се допаѓа. Ни ваму ни таму. Ладна звучи како дизел (нов) а потоа недефинирано. Дури и на стискање звукот не е нешто. Утка, или правиш да брчи спортски или правиш да не слушаш. Вака безвезе. Може ќе се интервенира овде

Инаку вкупно, буката внатре е ОК. Далеку подобро од Супербот.
Простор дефинитивно маана. Знаев дека е мала ама испадна дури помала од што очекував. ОК, бев спремен на овој компромис. Со една реченица, можам да спакувам во неа точно толку колку што можам во Камикот. Багажник релативно мал и непристапен (седан). Ме чуди што е ептен плиток а притоа нема резервна гума. Нема ништо по однос на тоа, гумите се run flat. Седиштето како што ми е мене наместено, скоро го допира задното. Тоа е тоа. И треба психички да се спремиш дека влагаш или излагаш. Најубаво е некој да ти подаде рака од надвор.

Од ситници кои ми се свиѓаат би издвоил Лед матрикс, физички копчиња за скоро се и тоа џоестикот што лесно управуваш со се а не оставаш отисоци по екран. Тука би ја ставил и дигиталната инструмент табла, добро изгледа и добра графика, иако не покажува нешто многу информации. Или не сум научил уште како.
Тоа што не ми се допаѓа е како што реков, просторот и немање резервна гума (било каква), CarPlay само со жица, простор за оставање ситници и други ствари речиси и да нема воопшто.
Од harman cardon очекував повеќе, иако се ситни разликите, тука мојот глас оди за супербовиот Canton.
Ова е како за првично, ќе видиме понатака.