Алфата помина 4000km. Да чукнам во дрво уште има уље и не сме биле на сервис.
Претходните два дена ја возев на подолг пат, Скопје - Лајпциг и ова се моите впечатоци:
Иако нели тесна, успеавме да се спакуваме. Мислам дека просторот како волумен не е толку проблем колку достапноста, и на кабината и на багажникот. Како нај проблематично останува влегувањето и излегувањето поготово за малку постари луѓе, што јас лично не се потресувам.
Првата етапа, Скопје - Будимпешта, благодарение на Active drive assistant ми помина речиси незабележано. Со константно возење 140km/h, со еден резервоар со Макпетрол 100, стигна до унгарска граница односно малку после неа. Според борд компјутерот, потрошњата и беше 8,1.
Втората етапа, Будимпешта - Лајпциг, цел ден по дожд. Со овој резервоар и ОMV Super 100 plus, стигна до десетина километри пред Прага. Поради потешките услови, јак дожд и челен ветер, потрошњата рипна на 8,3. Од Прага до Лајпциг со Shell VPower racing рипна на 8,5. Возењето стандард 140km/h на моменти заради условите и помалку.
Алфата се вози одлично. Позицијата за возење до сега најдобра што сум искусил. 280те коња не ме веселат нешто богзнае колку но не е лошо, се е избалансирано. Оверал за возачко искуство 9/10. Не ме разочара во ниеден поглед.
Тоа што не ми се допадна а сметам дека е сериозен проблем е тоа што опциите од активниот асистент, при полоши услови на патот не можат да функционираат (не ги гледа линиите, не ги гледа колите...) и изненадно системот прави дисконект. Се ќе беше тоа во ред доколку освен визуелниот аларм имаше и звучен. Значи ти лабав, зјапаш лево десно и одеднаш се наоѓаш кај што не треба. Два пати ми се случи да ме спаси звукот од белите линии.
Други забелешки немам. Посебен ќеф прават кренати палци на случајни минувачи, цариници, касиери на бензински...
Да не е штуро само текст, и неколку слики.


