Автор Тема: Патишта низ Македонија за "крстарење"?  (Прочитано 534 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Здраво. Дадени автомобили во името го имаат додатокот GT, или Grand Turismo
 Уствари коли направени за долги патувања. Да речеме дека секој од нас има таква кола. По кои патишта низ Македонија би возеле само колку да извозите и да застанете да речам низ некој град попатно на ден два?
« Последно менување: 01 Март 2025, 22:05:11 pm kutlesh »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43914
  • Il Moderatore
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #1 на: 01 Март 2025, 20:01:45 pm »
Скопје-Табановце!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34144
  • Таков е животот... јебига
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #2 на: 01 Март 2025, 21:27:21 pm »
Под претпоставка дека се поаѓа од Скопје, тогаш класиката Скопје- Битола преку Демир Хисар (дестинацијата е фантастична) со преспивање во Битола. Наредниот ден од Битола до Охрид и таму тепање ден. Потоа Охрид - Тиквешијата - Струмица. Потоа преку Огражден нагоре према Делчево - Берово преспивање уште ден. После тоа преку Куманово на скара назад до Скопје. Велес може слободно да се заобиколи, таму нема ништо.... се шалам, велешко не смее да се заобиколи, према Бабуна и Тополка, Велешко Кале мора да се помине еден цел ден.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 567
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #3 на: 01 Март 2025, 21:58:09 pm »
Гостивар-Дебар, па назад, па спиеш во Гостивар, па следниот ден пак исто. Нема многу да крстариш, но со GT возило воопшто нема да ти биде досадно.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1372
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #4 на: 01 Март 2025, 23:18:59 pm »
Скопје - Гевгелија

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43914
  • Il Moderatore
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #5 на: 01 Март 2025, 23:53:01 pm »
Скопје-Табановце!
Озбилен бев. Што подалеку од МК, ако веќе имаш некое GT.
Инаку, во МК, кога би имало асално парче асфалт, мене омилени рути во кои уживам ми се:
Демир Капија - Удово по стариот пат;
Kaтланово-Велес по автопатот (долината на Пчиња)
Гостивар-Дебар-Струга.
Тоа се прилично интересни патишта кои вредат да се извозат динамично. Саамо да е малце поасален асфалтот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1203
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #6 на: 02 Март 2025, 00:00:04 am »
Скопје-Табановце!
Озбилен бев. Што подалеку од МК, ако веќе имаш некое GT.
Инаку, во МК, кога би имало асално парче асфалт, мене омилени рути во кои уживам ми се:
Демир Капија - Удово по стариот пат;
Kaтланово-Велес по автопатот (долината на Пчиња)
Гостивар-Дебар-Струга.
Тоа се прилично интересни патишта кои вредат да се извозат динамично. Саамо да е малце поасален асфалтот.

Гостивар-Дебар-Струга е одличен асфалтот! Со исклучок на неколку кратки делници. :)

Јас и @fuzzjaw лани го вртевме Скопје-Куманово-Свети Николе-Велес преку Сарамзалино, феноменално возење истеравме. Годинава планираме и Штип-Неготино преку Криволак да го додадеме.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6663
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #7 на: 02 Март 2025, 00:20:53 am »
Во 2023та јуни, во еден ден направив обиколка на цела Македонија.
Рутата беше следна:

Скопје-Куманонво-Кратово-Пробиштип-Кочани-Македонска Каменица-Делчево-Берово-Струмица-Богданци-Гевгелија-Градско-Прилеп-Битола-Ресен-Охрид-Струга-Дебар-Гостивар-Тетово-Скопје.

Кратка пауза во Пробиштип, кратко јадење во Струмица, кафе пауза Прилеп, јадење во Охрид, дополнување на бензин во Гостивар и Скопје.

Вкупна километража околу 780 км, за околу 12-13 часа сосе паузите за кафе и јадење.

Патишта, ако сакаш да гледаш природа се Берово-Струмица и Струга-Дебар-Маврово.

Годинава сакам да ја повторам истата рута, ама обратно.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29781
    • CARclub.mk
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #8 на: 02 Март 2025, 08:13:35 am »
- Патот од Свети Николе кон Куманово
- Патот од Неготино, преку Криволак, кон Радовиш.
- Од Скопје кон Козјак. Не е каков што беше, ама уште е убав за возење.
- Маврово - Дебар - Струга
- Галичица. Асфалтот е во ужасна состојба, особено страната кон Преспанско Езеро, ама своевремено (пред можеби 20-тина години), овој пат се најде на листа на Топ 10 патишта за возење на Форбс.
- Стариот пат од Демир Капија кон Велес, кој оди покрај автопатот.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1386
  • Велешанче
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #9 на: 02 Март 2025, 09:53:38 am »

- Галичица. Асфалтот е во ужасна состојба, особено страната кон Преспанско Езеро, ама своевремено (пред можеби 20-тина години), овој пат се најде на листа на Топ 10 патишта за возење на Форбс.


Колку што знам, пред некоја година ја асфалтираа страната од Преспанско езеро
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6663
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #10 на: 02 Март 2025, 10:07:02 am »

- Галичица. Асфалтот е во ужасна состојба, особено страната кон Преспанско Езеро, ама своевремено (пред можеби 20-тина години), овој пат се најде на листа на Топ 10 патишта за возење на Форбс.


Колку што знам, пред некоја година ја асфалтираа страната од Преспанско езеро

Точно од преспанската страна е асфалтиран и е супер.
Од Охридската страна не е асфалтиран и треба да се внимава на неколку места.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2837
  • Слобода или смрт
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #11 на: 02 Март 2025, 10:18:09 am »
Делницата кочани делчево е со интересни кривини, добар асфалт освен на две три изолирани места и е живописна за возење. Но не зимно време кога има одрони!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14156
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #12 на: 02 Март 2025, 10:24:12 am »
Шо знам многу пати го имам возено Галичица, не е нешто којзнае што. Мене искрено најубаво ми е Ресен-Охрид особено во есен. Прекрасен терен за возење. Асфалтот сега е добар. Баш за крузање е.

Иначе друг пат во Македонија, ништо не ме воодушевува. Затоа сакам да земам некое убаво SUV-че малце да се прошета кај што нема патишта.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1203
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #13 на: 02 Март 2025, 10:31:48 am »
- Од Скопје кон Козјак. Не е каков што беше, ама уште е убав за возење.

Одличен е, одам секој убав ден, само препорака за од кај Батинци наместо низ Сопиште. Кружниот е завршен, повеќе има за возење и се избегнува Мариовска што е пропадната на неколку места.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29781
    • CARclub.mk
Одг: Патишта низ Македонија за "крстарење"?
« Одговори #14 на: 02 Март 2025, 10:40:18 am »

- Галичица. Асфалтот е во ужасна состојба, особено страната кон Преспанско Езеро, ама своевремено (пред можеби 20-тина години), овој пат се најде на листа на Топ 10 патишта за возење на Форбс.


Колку што знам, пред некоја година ја асфалтираа страната од Преспанско езеро

Точно од преспанската страна е асфалтиран и е супер.
Од Охридската страна не е асфалтиран и треба да се внимава на неколку места.

Ах, ете. Не сум бил одамна, треба да одам. Последен пат бев пред неколку години со Octavia. Благодарам!