Математиката со царината не ти е баш таман. Царината овде е 40-45% од вредноста на возилото, ама не од она шо ти си го платил во Америка, туку од каталошката цена по Шваке, плус цената на транспортот. Шо значит, ако Cayenne ти купиш за 10,000 евра со се транспорт, а каталошката цена е 20,000 евра, царина ти се рачунат на 20,000 евра, и ете ги уште 8-9 илјади.
Не викам дека немат да заштедиш, за некои возила можда имат поента да ги увезиш од таму.
Во Шваке каталогот нема ништо за моделите што се продавани на Американски пазар, кога бараш пресметка на онаа страна ,,давчки возила,, одат на споредбено со Европски сличен модел на пример БМВ 320 за Американски пазар ке го споредат со БМВ 320 за Европски пазар со најфул опрема и максимално Цо2, возилата увезени од Америка стартно ги рачунаат со нјафул опрема и по шваке гледаат која цена такво возило имало на ново од тука почнуваат да се рачунаат давачките па според староста итн. Пресметката ке биде највисока можна за таков модел на возило.
Е сега ако си Американски гастрабајтер од типот ,,имам јас парИи,, ке си платиш, ако не можеш да прогуглаш на интернет за возилата продадени во Америка имаш буквално СЕ само треба малку да се потрудиш и да имаш трпение. Има страни како Bumper.com и некои други каде со внесување на број на шасија ти излегува се за тоа возило сите податоци детално која опрема има вградено во тоа возило колку газди сменило возилото дали е крадено, дали има учествувано во собраќајки и со каква штета, и најбитното по која цена тоа возило со таа опрема е купено на ново што е појдовна точка за пресметување на царина. За Цо2 исто самиот треба да си најдеш на пример ако возилото е БМВ 320 со 163кс и ке најдеш податоци за БМВ 320 за Европски пазар со истиот тип на мотор и иста година со 163кс и кога се работи за ист тип на мотор исто возило исто е и Цо2, како и други параметри неможе да бидат различни. Со овие податоци испринтани каде што се гледа и веб страната од каде се земени поднесуваш за хомологација и за царинење ке има тешки докажувања и објаснувања со шпедитери (со цариници немаш директен контакт) и на крајот ке добиеш релна пресметка за царинење на возилото што го увезуваш затоа што податоците што ги даваш се реални и точни и можат да се проверат лесно на веб страната од каде што ги имаш извадено. Ова што го пишувам е од лично искуство не е од рекла казала муабети и нагаѓања и знам дека давачките за возила увезени од Америка може да бидат и до 1/2 пониски од оние што ке ги добиете на страната на давчки возила, само мора самиот да се потрудиш добро за тоа.