Дечки, добив информација дека е протечен многу стар бекап од базата на форумот. Разгледавме и дојдовме до заклучок дека бекапот е стар повеќе од 10 години, и е од хост кој го користевме за хостирање на форумот во првите неколку години. Не можам да знам што точно се случило, но можам и морам да ве информирам. Лозинките се секако енкриптирани.
Мојата препорака е - сменете си го пасвордот тука на форум, а и на сите други места каде го користите истиот. Во меѓувреме, зборував и со стариот хост и (уште поважно) со тековниот хост и добив потврда дека нема никакви безбедносни пропусти. Се надевам дека ќе остане на ова.
Благодарам на разбирањето и соработката.
