Здраво Ате!
Ме интересира како иде инсталацијата на ксенон дали се сечат некои постоечки кабли од самиот фар па се наставаат од китот и во просек колку временски трае сијалицата година, две (временскиот период го земав произволно)? Неможам веќе со овие халогенкиве на секои 8 месеци ги мењам пред некој ден ми прегоре едната и од пуста мрза не отидов да ја сменам (да да, одам на сервис и за една сијаличка пошто на меганов толку лесно се мењаат сијалички што да ти кажам) и ете денес ми прегоре и втората и така си останав без светла па да прашам за ксенонов дали ќе ми се исплати.
Поздрав!!!
Значи вака, по долго размислување и пресметки заклучив дека ставањето на ксенон апсолутно не ми се исплати. Зошто? У принцип мене сијаличките ми горат еднаш годишно зошто е тоа така само рено знае... е сеа ксенонот кошта околу 5000 ден па бидејќи е Х7 ќе треба 2 компелета прво мислев да стаам само за соборните света ама коа си помислив дека коа ќе пуштам дугачки ќе ми се меша светлината па тоа отпадна од комбинација. Што ми беше зборот, јас за сијалички годишно давам околу 700 денари па ако ставам ксенон гаранцијата ми е 12 месеци што апсолутно немам сметка да ставам ксенон и да меракот беше голем ама сепак многу пари се во прашање.
Поздрав!!!
еднаш годишно ти одат, зошто (веројатно) поминуваш околу 13-15.000 км годишно и користиш нормални светилки. ако пресметаш во работни часови, испаѓа блиску на декларираните од производителите на H7 ОЕМ светилки - околу 500 часа. 15.000км со 30км/ч во просек, ете ти ги една година
.
Ако користиш некои „пофенси“ сијалици вака иде:
Osram's Hyper H7 clear 65 watt bulb (bigger H9 burner on H7 base) from their high-wattage rally and professional offroad bulb line offers 2100 lumens (brightness) and a 500 hour life, compared to:
1780 lumens, 340 hours for the Osram Night Breaker
1750 lumens, 350 hours for the Osram Silverstar
1620 lumens, 200 hours for Philips X-Treme Power H7...
(Standard H7: 55w, 1500 lumens, 500 hours)
А овие се сите поскапи (барем 600-700 денари по сијаличка). Така да ако користиш фенси, како најтбрејкери, имаш пократок рок на траење (мое искуство околу 6 месеци), поголем трошок - поголема веројатност дека ќе ти се исплатат ксенонки
Тука ги приметив овие 65 ватниве, ми се чинат добар избор, треба такви да се најдат - OSRAM Hyper H7 (2100 lumens)