Основниот ти е доволен за проба, таман е 1500ден, да не те боли душа ако не те бендисува. Додатоците што ги носат поскапите модели, не се ефикасни. Ова брада симнува на ниво "3 саат попладне“ (не е 5pm shadow look, пократко е). Ако сакаш тасма, мора бричот да заигра. Или машинка асална у најмала мерка. Бидејќи јас немам потреба и желба секој ден да бидам „тасма“ бричен, а и имам проблем после бричење поради оштрите влакна и меката кожа, ова ми е идеално решение во моментов.